Научно докажано зошто се татковците битни?

Ако децата се чувствуваат отфрлено или мислат дека родителите не ги сакаат, поголеми се изгледите да станат непослушни, агресивни и емотивно нестабилни. Тоа важи за двајцата родители, но во некои случаи таткото е поважен од мајката.

0
423

Психолозите и други научници со децении претпоставувале дека најваната врска во животот на детето е онаа со мајката па се сконцентрирале на проучувањето на тој однос. Заради тоа и заслугите или покудите за она во што детето на крајот пораснало секогаш им се препишувани на мајките.
Но во последно време научниците се повеќе увидуваат колку се важни татковците. Телата на татковците реагираат на родителството како и телата на жените, а нивниот стил на родителство влијае врз децата во еднаква мера, а понекогаш и повеќе, од оној на мајката.
„Не увидуваме само колку татковците влијаат на децата, туку и дека понекогаш врз развојот на детето влијаат повеќе отколку мајките“, рекол Роналд Рохнер, раководител на Центарот за проучување на интерперсоналното прифаќање и отфрлање на Универзитетот во Конектикат.

Да се почувствува татковската љубов

Научниците заклучиле дека татковската љубов понекогаш има поголемо влијание врз децата отколку мајчината. Рохнер и колегите неодамна ги ревидирале студиите за родителското прифаќање и отфрлање кои со децении се спроведувале во дел од светот. Не изненадува фактот дека родителите имаат огромно влијание врз децата. Ако децата се чувствуваат отфрлено или мислат дека родителите не ги сакаат, поголеми се изгледите да станат непослушни, агресивни и емотивно нестабиллни. Родителското отфрлање може да доведе до ниска самодоверба, чувство на помала вредност или негативен поглед на свет.
Тоа важи за двајцата родители, рекол Рохнер за LiveScience. Но во некои случаи таткото е поважен од мајката. Проблемите во однесувањето, деликвенцијата, депресијата, дрогирањето и општото психолошко прилагодување се во поголема мерка поврзани со отфрлањето од таткото, отколку со она од мајката, рекол Рохнер.
Во согласност со тоа научниците заклучиле дека љубовта на таткото понекогаш има поголемо влијание врз децата отколку мајчинската.
„Сознанието за тоа дали децата се чувствуваат сакани од татковците во поголема мерка може да послужи за предвидување дали детето ќе се чувствува сигурно и среќно и дали ќе биде задоволно со животот, отколку сознанието за мерката во која се чувствуваат сакани од мајката“, рекол Рохнер. Тој и колегите ги разработиле неодамна своите заклучоци во ревијата Personality and Social Psychology Review.

Влијание и упорност

Со истражувањето се опфатени татковци кои не мора да бидат нужно и биолошки родители. Рохнер и коллегите не се сигурни зошто татковците понекогаш во текот на детскиот развој ги засенуваат мајките. Рохнер наведува дека во секое семејство постои еден нејзин член кој е највлијателен. Тоа е оној кој на пример, планира што ќе се прави за викенд. Во семејства во кои таа личност е таткото, неговите постапки би можеле да остават силен впечаток на децата.
„Во тие случаи децата повеќе внимание му посветуваат на она што го прават и го зборуваат татковците отколку на она што го правата и го зборуваат мајките па затоа и влијанието на таткото ќе биде посилно“, рекол Рохнер.
Татковците би можеле да бидат заслужни и за учењето на децата на упорност која им служи целиот живот. Во студиите за семејства со двајца родители, објавени во ревијата Early Adolescence научниците од универзитетот Bringham Young утврдиле дека родителскиот стил на татковците е во поголема мерка поврзан со упорноста кај тинејџерите отколку што е оној на мајката. Упорноста како карактерна црта е пак од друга страна поврзана со пониска стапка на деликвенција и со поголем ангажман во училиштето.
Стилот на родителство на татковците поврзан со упорноста на децата се нарекува авторитативно родителство. Научниците заклучиле дека тој стил го одликуваат топлина и љубов, придржување кон правила (со објаснување зошто постојат правилата) и автономија на децата во склад со возраста.
„Од студијата произегува дека најсупешни татковци се оние кои ги слушаат своите деца, имаат со нив близок однос, воспоставуваат правила, но и дозволуваат извесна слобода“, рекла за LiveScience научничката Лаура Падила-Волкер.

Да се биде добар татко

За среќа на татковците, мајката природа им помага да бидат добри родители. Со испитување на хормоните е утврдено дека кај татковците е присутно зголемено ниво на окситоцин во текот на првите недели од животот на детето. Тој хормон, познат и како хормон на среќа, го зголемува чувството на поврзаност. Според студијата објавена во 2010 година во ревијата Biological Psychiatry е утврдено дека нивото на окситоцин расте кај татковците додека си играат со децата. Според истражувањњето објавено лани во публикацијата Proceedings of the National Academy of Sciences татковството предизвикува и пад на нивото на тестостерон, тн.. мачо хормон поврзан со агресивното однесување. Колку таткото повеќе се грижи за детето, таа промена е поочигледна што би можело да значи дека со тоа се намалува машкиот нагон за ризикување, а ги поттикнува грижата и семејниот живот.
Падила-Волкер тврди дека е најважно татковците да увидат колку се важни. Според неа, важно е да се поминува квалитетно време со децата.
„Тоа не мора да бидат скапи патувања. Доволно е да играат заедно со топка во двор или да гледаат филм со децата“, рекла таа.
„За што и да станува збор, бидете им на располагање, а кога го минувате времето со децата, навистина бидете со нив“.

[better-ads type='banner' banner='999' ]