Кога треба да им ја кажете на децата „вистината“ за Дедо Мраз?

Психолог и експерт за родителство објаснува кога и како да им се открие на децата правата вистина 

0
112
Фото: Pixabay

Гледањето на блескавите лица на децата при отворањето на подароците на божиќното утро е еден од најубавите моменти на празничната сезона. Но, психологот открива кога е најдобро децата да ја дознаат „вистината“ за Дедо Мраз. Значи, без разлика дали на Бадник пред децата ставате колачиња и шолја топло млеко за Дедо Мраз или не одите толку далеку, психологот советува да не им го одземате на малите деца кои веруваат во Дедо Мраз тоа прерано.

Според детскиот психолог д-р Џастин Коулсон, подобро е да се разбие оваа илузија – што е можно подоцна. Многу родители се колебаат да им кажат на своите малечки кој навистина им доставува подароци на божиќното утро, но психологот има едноставен совет: „Ако се доволно возрасни и љубопитни да се сомневаат, тогаш се доволно возрасни за да ја знаат вистината“.

„Нека веруваат додека не станат доволно возрасни и доволно љубопитни да се посомневаат самите, само тогаш ќе бидат ‘доволно големи’ за вистината“, вели тој. Понекогаш, вели психологот, добро е да ги потсетите децата да размислуваат критички за она во што се сомневаат. Прашајте ги дали мислат дека е можно некој да го помине целиот свет во една ноќ, со санки полни со подароци влечени од ирваси? Порано или подоцна, детето и само ќе каже дека не верува дека Дедо Мраз постои.

А кога ќе почнат вакви отворени изјави, прашања и сомнежи, најдобро е да се биде искрен, вели д-р Коулсон, истакнувајќи дека тогаш треба да се предупредат децата да не им го расипат тоа на оние деца кои се уште веруваат во него. „Предупредете го вашето дете дека некои други родители можеби сè уште нема да им ја откријат оваа „голема вистина“ на своите деца, па нека остане тајна позната на возрасните и само на некои деца“, советува психологот во интервју за The Sun.

[better-ads type='banner' banner='999' ]