5 намирници кои ја зголемуваат плодноста

Храната и плодноста се нераскинливо поврзани. Зачнувањето бара здрави јајце клетки и сперматозоиди, а можете да ги зајакнете со вистинската храна,

0
307

Нутриционистката Елизабет Шо составила листа на намирници кои ја зголемуваат плодноста. Можеби веќе знаете кои се, ама не е лошо да повториме.

1. Домати

Не е тајна дека доматите се одличен извор на ликопен, моќен антиоксидант кој има единствена способност за инактивација на слободните радикали кои можат да ги оштетат нашите клетки, а како главен каротеноид во човечката крв ги штити липидите, протеините и ДНК од оксидација.

Бидејќи дијагнозата на машката плодност често не се поставува, важно е да се знае дека ликопенот го зголемува квалитетот и издржливоста на спермата. Без разлика дали имате свежи домати или јадење од домати како супа, тестенини или пица во вашата чинија – не можете да згрешите!

2. Растителни протеини

Протеините се основните макронутриенти и најважниот фактор во растот и развојот на сите телесни ткива. Тие се главен извор на супстанции за градење мускули, крв, кожа, коса, нокти и внатрешни органи, вклучувајќи ги срцето и мозокот. Многу студии потврдија дека растителните протеини ја штитат и ја зголемуваат плодноста, за разлика од животинските протеини. Притоа не се мисли да го исфрлите посното говедско месо од исхраната, но не заборавајте да го зголемите внесот на вкусна и здрава растителна храна како што се мешунките, леќата, киноа, чиа семето, амарант и слична храна.

3. Цели житарки

Целите житарки се природен извор на протеини и јаглехидрати, а на телото му се потребни за правилно варење и го смируваат нервниот систем, го стимулираат спиењето, го задоволуваат гладот ​​и го регулираат шеќерот во крвта. Кога вашата исхрана се состои од многу преработени јаглехидрати (бел леб, слатки житарки, слатки…), вашиот панкреас мора да го ослободи хормонот инсулин за да го нормализира нивото на шеќер во крвта. Истражувањата покажале дека високото ниво на инсулин во крвта ја зголемува неплодноста кај жените. За да го зголемите внесот на цели зрна, внесете во вашата исхрана храна како јачмен, овес, спелта, интегрален ориз, просо и слично.

4. Производи од полномасно млеко

Дали знаевте дека една или две порции полномасни млечни производи (млеко, јогурт, урда) штитат од овулаторна неплодност? Ако се обидувате да забремените, задолжително користете полномасни млечни производи и со тоа зголемете ги шансите за зачнување. Кога мастите се исфрлаат од млечните производи, естрогенот и прогестеронот се отстрануваат, а се оставаат андрогените „машки“ хормони. Додадете чаша полномасно млеко, мала порција сладолед или полномасен јогурт во вашата дневна рутина и не консумирајте обезмастено млеко со малку или без маснотии. Сепак, треба да се има на ум дека со полномасните производи доаѓаат повеќе калории, па затоа внимавајте на урамнотежена исхрана.

5. Печурки

Освен што имаат ниско ниво на натриум, калории и масти, печурките обезбедуваат и важни хранливи материи како што се витамин Д и селен (кој е важен за имунолошкиот систем и плодноста кај мажите). Истражувањата покажале дека витаминот Д, освен што ја подобрува плодноста, го подобрува и квалитетот на спермата, концентрацијата на тестостерон и целокупната плодност кај мажите. Поради сето ова не е лошо во исхраната да ги вклучите најчестите видови на печурки како што се шампињоните, вргањот, буковките, лусичарки или шитаке печурки и да ги јадете сами или како додаток на јадењата со месо.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]