Кога до олтар те водат и таткото и очувот (ВИДЕО)

Несебичниот гест на таткото на невестата Келси Грифит никого не оставил рамнодушен.

0
196

Таткото на невестата Келси Грифит тргнал со својата ќерка до олтарот, а потоа го изненадил нејзиниот очув и го замолил да му помогне.

„Татко ми го изненади очувот барајќи од него да ни се придружи во прошетката до олтарот. Тоа го чувавме во тајност до почетокот на церемонијата, па сите беа изненадени“, напишала Келси во описот на овој симпатичен момент што го сподели на ТикТок.

На снимката се гледа Келси во венчаница како оди со татко ѝ кон олтарот. Во еден момент таткото застанува и му ја пружа раката на нејзиниот збунет очув Енди, кој седи меѓу гостите. Енди продолжува со нив, држејќи ја Келси под другата рака.

„Мојот очув ме одгледуваше од мојата деветта година и заслужи мало признание на денот на мојата венчавка. Ова беше љубезен и скромен гест и јас сум горда на мојот татко”, додала Келси.

@griffithk5

My dad surprised my step dad by including him in our walk down the aisle🤍 #theperfectday #fyp #wedding #dancingqueen

♬ original sound – Nicole Reynolds

[better-ads type='banner' banner='999' ]