Семејството на 9-годишното момче кое е во кома заради стампедо, го тужи Тревис Скот

Помеѓу жртвите на концертот на раперот Тревис Скот е и 9-годишно момче кое е во медицински индуцирана кома, во обид да ја надмине траумата на мозокот

0
316

Американецот Бернон Блаунт изјавил за Си-Ен-Ен дека неговиот внук Е.Б. бил во градот за да го види настапот на неговиот омилен изведувач Тревис Скот и дека на концертот присуствувал со неговиот татко Трестон Блаунт.

„Кога мојот син отиде на концерт, го носеше мојот внук на рамениците. Луѓето се туркале и тој не можел да дише, па на крајот се онесвестил од притисокот што му бил направен врз телото. Тогаш момчето му паднало од рамениците и паднало во толпата“, рекол Блаунт.

До моментот кога синот на Бернон се освестил, Е.Б. веќе бил однесен во болница како неидентификуван. „Не знаеле ништо за него, неговото име или што било, бидејќи се разделил од мојот син“, рекол дедото.

Кога таткото се освестил, наместо да им дозволи на лекарите да го прегледаат, отишол да го бара својот син и на крајот го нашол во Детската болница во Тексас.

„За време на концертот, тој имал срцев удар што му го оштетило срцето. Има оштетување на црниот дроб, белите дробови… А згора на тоа, има и оток во мозокот“, рекол Блаунт.

Тој побарал одговорност, не само од уметниците или од организаторите на настанот, туку и од градот Хјустон.

„Семејството е уништено, а ова наместо излегување на татко и син за да се зближат, се претвори во нешто ужасно и трагично“, рекол Блаунт.

На концертот загинале најмалку осум лица, а стотици биле повредени во стампедо од фанови.

Фото: Инстаграм

[better-ads type='banner' banner='999' ]