Ден за паметење: Двегодишен суперхерој го прослави крајот на хемотерапијата (ВИДЕО)

На малиот Брајв Нои му бил дијагностициран хепатобластом, многу ретка форма на рак, на почетокот од оваа година. На момчето му била извршена операција на срцето, трансплантација на црн дроб и хемотерапија.

0
317

Прекрасното видео од двегодишно момче кое го победи ракот стана вирално и трогна многумина. На Брајв Нои му бил дијагностициран хепатобластом, многу ретка форма на рак, на почетокот од оваа година.

Туморот се развива во црниот дроб и обично ги погодува децата на возраст под четири години. На момчето му била извршена операција на срцето, трансплантација на црн дроб и хемотерапија.

На последниот ден од хемотерапијата тој облекол златна наметка и се истрчал низ болницата со маица на која пишува „последен ден од хемотерапијата“. Изгледа дека е воодушевен што конечно завршил со исцрпувачкиот третман.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikki Danielle ™ (@nikkidanielle)

„Урааа! Денес е последниот ден од хемотерапијата“, напишала и мајката на Ноа Ники Даниел на Инстаграм.

Многумина коментираат дека снимката им го разубавила денот.

[better-ads type='banner' banner='999' ]