Како најбрзо ќе изнервирате новопечена мајка?

Духовито, но вистинито...

0
2740

Откако ќе станете мајка и ќе почнете да се дружите со други мајки ќе забелеите дека постојат одредени шаблони и изјави со кои на една новопечена мајка со брзина на светлината ќе ѝ ја симнете задоволната насмевка од лицето. Еве ја листата во случај да ви затреба.

  1. Немаш млеко/лошо ти е млекото

Речениците кои се однесуваат на количината и квалитетот на млекото се полн погодок. Со нив нема промашување – има стопроцентно дејство! Уште подобро ќе делува ако притоа ѝ ги пипнете градите и загрижено почнете да климате со главата или пак да ццкате.

  1. Гладен е!

Оваа изјава оди рака под рака со претходната, но нејзината предност е што може да се користи и подоцна, кога детето ќе почне да јаде цврста храна. Особено е ефектна кога детето плаче и не може да се смири – тогаш би требало фа ја повторувате на секои пет минути проследено со загрижен израз на лицето.

  1. Ладно му е!

 

Како една мајка може да знае како да си го облече детето? Секако треба да ѝ укажете на ова. Уште подобро и поефектно е ако не ѝ и се обраќате директно. Подобро игнорирајте ја, загрижено допрете му ги нозете на детето и прашајте го: „Па тебе мама не ти облекла чорапчиња?“ Истото повторете го и за капа, јакна или џемпер.

4. Како правевме ние, па вам ништо не ви фали

Истакнувањето на генерацискиот јаз и недостатокот на новите методи е секогаш деотворно. Особено ставете нагласок на она „што вам/нам ни фали“. Притоа, не оставајте простор кутрата навистина да ви одговори на прашањето.

5. „Не го навикнувај на раце“

На време предупредете ја мајката дека нејзиното бебе и извор на среќа е всушност мал манипулатор кој ќе ѝ го загорчи животот доколку го навикне на прегратки и на нежност.

6. Е сега едно братче/сестриче да ти роди мама

Бидете внимателни. Оваа реченица има најдобар ефект ако се изговори непосредно по породувањето.

Ова беше забрзан курс за почетници.

За напредно ниво можете да користите реченици како:

„Се уште не зборува/оди/прави оригами? Моето тоа го правеше уште на 4 ипол месеци!

„Има неполни два месеци и се уште не сте го ставиле на нокшир? Доцните!“

„Уживајте додека е уште мало, подоцна ова ќе ви недостасува“

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]