Како децата управуваат со родителите

Еве како тие мали преслатки суштества лесно можат да ве измамат

0
392

Бебињата многу често покажуваат завидно ниво на досетливост со кое успешно ги контролираат родителите пред тие воопшто и да забележат. Тоа е реалноста, прелажани сте и изманипулирани од тоа мало слатко суштество кое многу лесно ќе измами од вас се што ќе посака, и тоа само со еден поглед.

Додека бебето спие 20 часа, вие спиете само 2

Најсилната доминација бебињата ни ја покажуваат токму преку управувањето со потребата за спиење на мајката.

Советот „спијте кога спие бебето“ во пракса се покажува како неупотреблив. Тоа ќе биде можно само ако успеввате да го игнорирате купот валкани садови, вакани алишта и прашина.

Планот на малечките мудреци е всуушност многу едноставен, ќе направат се што е потребно да ве задржат само за себе.

Додека е бебето во нова облека, вие понекогаш изгледате како бездомник

Бебето е дотерано во најнови алишта, додека вие почнувате да заборавате како воопшто изгледаат убавите фустани. Ова се случува многу често затоа што секоја мајка е слаба на своето дете, па често заборава на себе. И така еден ден ќе забележите дека во стари тренерки и патики го шетате вашето бебе облечено како принц.

Се плашите да станете во текот на ноќта затоа што тоа може да предизвика вистинска лавина од желби кај вашето дете доколку случајно забележи дека сте станале.

Морате во тоалет, жедни сте или едноставн не можете да спиете? И покрај сето тоа одлучувате да останете во кревет бидејќи секое движење може да предизвика лавина од: „Мамо сакам ова, сакам она“, па е често поедноставно да се правите дека спиете.

[better-ads type='banner' banner='999' ]