Дали сте отсутен родител и како да престанете да гледате во својот смартфон?

Во истражувањето на списанието Highlights на децата на возраст од 6 до 12 години им било поставено прашањето: Дали вниманието на вашите родители е свртено кон вас кога се обидувате да разговарате со нив?

0
302

Смартфоните и таблетите се корисни и едноставно, не можеме без нив, но факт е дека често ни го одвлекуваат вниманието и не прават отсутни во моментите кога сме им потребни на нашите деца.

Во годинешното истражување на списанието Highlights на децата на возраст од 6 до 12 години им било поставено прашањето: Дали вниманието на вашите родители е свртено кон вас кога се обидувате да разговарате со нив?
62 отсто од децата одговориле потврдно, а на прашањето што им го одвлекува најчесто вниманието, најчестите одговори биле: телефонот (28%), потоа, братчето или сестричето (25%) и на крајот работата (16%).
Живееме во време исполнето со технологија. Децата често се жалат дека нивните родители поминуваат премногу време со телефоните, иако децата понекогаш се алат и затоа што тие самите сакаат да го користат. Дефинитивно, смартфоните и таблетите се корисни и едноставно, не можеме без нив, но факт е дека често ни го одвлекуваат вниманието и не прават отсутни во моментите кога сме им потребни на нашите деца.

Отсутниот родител може да биде и суров 

Во една студија стручњаците ги набљудувале родителите и децата во рестораните за брза храна. 40 од 55 родители користеле телефони во текот на оброците, а 16 од нив речиси постојано го користеле во текот на оброкот. Некои деца го прифаќале недостатокот на внимание, но некои покажале бунтовно однесување. Родителите кои биле преокупирани со телеоните, дури и кога им било поставено прашање, грубо им одговарале на децата.

Што значи да се биде присутен родител?

На повеќето родители им е значаен односот што го имаат со своите деца, но рутинското игнорирање на децата на подолг период сигурно дека не придонесува за подобра поврзаност со нив. Меѓутоа, не е разумно да се очекува од родителите секогаш да бидат 100 отсто присутни и сконцентрирани.
Децата низ разговор со своите родители учат да ги контриолираат своите моции, да ја разбираат перспективата на другите, да ги решаваат проблемите и да градат чувство на блискост. Меѓутоа, не се сите разговори помеѓу родителите и децата непроценливи моменти на поврзување. Коментарите како „Тој секогаш ја добива жолтата шолја!“ или „Оваа вечера е бљак. Зошто секогаш правиш толку грозна храна?“ баш и не се едни од тие моменти. Повеќе не е секогаш и подобро кога станува збор за посветување на внимание на детето. . Одредена количина на бенигна запоставеност е корисна за детето затоа што му остава простор да си ги најде сопствените интереси и да научи да ги решава поедноставните проблеми. Бидејќи, ниту постојаната усмереност кон децата не е пожелна.

Присутност и реагирање

Она што е најважно е присутноста: како ќе реагираме кога децата ќе се обидат да ни го свртат вниманието. Дали забележуваме кога се љубезни, кога се добри или креативни или ги забележуваме само кога не се однесуваат како што очекуваме? Дали одвојуваме доволно време за опуштање со децата за да можат да разговараат со нас тогаш кога им е потребно?
Една од најважните работи кои ги учиме нашите деца е како да градат односи. Нашите телефони се составен дел од нашите животи, но мое,е да одлучим на кој налин ќе го користиме. Можеме на пример да воведеме „време без телефони“. На пример, за време на оброците, како и пред спиење. Многу е важно кога сме со децата да бидеме целосно присутни.
Ниту еден родител не може да е 100 отсто присутен но можеме да се потрудиме да бидеме посвесни за моментите кога на децата им е потребно нашето внимание.

[better-ads type='banner' banner='999' ]