Зошто децата во Холандија се едни од најсреќните на светот?

Можеби некогаш сте се запрашале каде живеат најсреќните деца. Светското здружение кое се бави со квалитетот на животниот стандард и воспитувањето на децата – УНИЦЕФ, открил дека децата кои најмногу се смеат и си играат, односно, имаат најдобри услови за живот, ги одгледуваат родителите во Холандија.

0
764

Помеѓу земјите во кои растат најсреќни деца на светот, на самиот врв е Холандија чиј систем во целост го поддржува современото воспитување на децата. Причините и условите поради кои тамошните деца се прогласени за деца кои најмногу се смеат и си играат се следниве:

  1. Холандските родители се помеѓу најсреќните луѓе на светот
    Разбирливо! Не е изненадувачки среќните родители да имаат среќни деца. Среќата денеска се смета за индикатор на општествениот прогрес и за неа сериозно се разговара, а Холанѓаните заземаат високо место на скалата на најсреќни луѓе на светот.
  2. Холандските мајки не се депресивни
    Холандскиот психолог и новинарка Елен де Бруин ја објавила книгата „Холанѓанките не паѓаат во депресија“ во која истакнала: „Клучот за тој феноимен е личниот избор. Жените во Холандија можат да ги бираат животните партнери, верата, сексуалноста, дозволена е употребата на лесни дроги, значи, можеме да кажеме, практично се што сакаме. Холандија е слободна земја“.
    Главна причина за нивната среќа е веројатно одличната рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот. Повеќето холандски мајки (68%) работат со скратено работно време (околу 25 часа неделно). Претходни истражувања во САД покажале дека повеќето мајки (65%) сакаат да работат половина работно време, само девет отсто цело работно време, а 26% сакаат да останат дома.
  3. Татковците имаат порамноправна улога во воспитувањето на децата

Холандските татковци неретко исто така работат со половина скратено време за да можат да се грижат за децата. Постои можност да с енабие деловниот распоред и потоа да се земе еден работен ден неделно, т.н. татков ден. Третина од мажите работат со пола работно време.

  1. Децата немаат притисок на училиште и не се под голем стрес

Малите Холанѓани имаат многу малку домашни задачи па им останува многу време за играње. До 12 години тие се поттикнуваат да уживаат во учењето, а потоа решаваат тестови з аинтелигенција со кои се усмеруваат кон натамошно школување, па дури и кон идната професија. Нема приемни испити па ниту компетитивни уписи на факултет. Акцентот се става на учењето како такво, а не на академскиот успех.

  1. Често јадат слатки

Тамошните деца често јадат слатки, но се многу умерени. Имаат необична навика, ако пред нив ставите пакување со некои слатки, да се задоволат со мала количина, иако никој не им забранува да уживаат во слатките.

  1. Имаат право да го изразуваат своето мислење

Децата во Холандија се видени и слушнати. Откако ќе научат да формулираат реченици, тие го изразуваат своето мислење кое родителите го земаат предвид.

  1. Државата финансиски им помага на семејствата

Растењето на деца не е ефтино. Наспроти економските кризи и разните резови, холандските семејства добиваат неколку различни придонеси и поттици за деца, како и даночни олеснувања.

  1. Децата поминуваат многу време надвор

Една тамошна изрека која вели: Не постои лошо време, само лоша облека, доволно кажува. Ниту дождот, ниту снегот не треба да ја спречат играта на децата на отворено, доколку се адекватно облечени.

[better-ads type='banner' banner='999' ]