Водич за татковци во родилните сали

Татковците имаат важна улога во родилната сала, па добро е да знаат што треба да прават, а што треба да  избегнуваат

0
235

Кога станува збор за родилната сала, мајките се тие што ги поставуваат правилата. Татковците нема зошто да се бунат, треба само да ја прифатат ситуацијата таква каква што е. Еве неколку совети за нив и за тоа што можат да прават, а што треба да избегнуваат:

НЕ: Не заспивајте – можеби сте многу уморни затоа што вашата жена добила болки на крајот од вашиот работен ден, токму кога сте тргнале дома на заслужен одмор. Секако, не го направила тоа за инает, па обидете се да не задремете или да не паднете во длабок сон додека таа на кревет се обидува да ги преброди трудовите.

ДА: Издржете – да, можеби сте будни цела ноќ, но тоа не ви претставувало проблем на факултет, такашто ни сега не е време за потклекнување.

НЕ: Заборавајте да земете апарат или камера. Ќе биде жал ако не го забележите доаѓањето на вашето бебе на свет и секако, да ја проследите првата фотографија до најблиските. Исклучете го блицот затоа што не е добар за очите на бебето.

ДА: Договорете се со партнерката како мудро да ја искористите канерата и кои моменти треба да ги зебележите. Можеби таа нема да биде пресреќна ако ги снимате пораѓањето од „погрешен агол“ или пак ја снимате додека вреска пд болки.

НЕ: Кревајте паника/ не паѓајте во несвест. Многу мајки сведочат за тоа како мажите им пребледеле и им се лошело од самиот поглед на крв, па сестрите и бабиците морале да им помагаат ним, наместо на родилката. Значи, ова не е ваш ден! Не се обидувајте да го преземете.

ДА: Подгответе се. Одете на курс, погледнете некое видео на јутјуб, разговарајте и информирајте се. Дознајте се за трудовите и за она што ве очекува, па е помала веројатноста дека на денот Д, ќе имате потреба од миризлива сол.

НЕ: Оставајте вклучен звук на мобилниот. Вашата жена сигурно нема да биде воодушевена ако среде породувањето прегледувате мејлови од работа или се допишувате со колегите или со пријателите и ги распрашувате за реултати од фудбалскиот натпревар.

ДА: Заборавете на својот телефон. Ако договорот помеѓу вас и пртнерката е таков, испратете им само порака на најблиските дека сте отишле во родилната сала и потоа заборавете на мобилниот. Посветете и се жената и на нејзините потреби.

[better-ads type='banner' banner='999' ]