Постојаното будење на детето мајката го искоренила со помош на …

Секојдневното будење на веќе тригодишното дете во едно англиско семејство, претставувало вистински проблем се додека мајката не го „излекувала“ со обична банана!

0
2764

Тригодишник кој никако не успевал да преспие цела ноќ и често се будел, „излекуван е“ и тоа со банани! До откритието дека бананите лекуваат несоница е дојдено во англиското гратче Ротерхам, а за тоа е заслужна Мериен Батерси. Таа, после три години изгубила надеж дека нејзиниот син Арон некогаш ќе се разбуди одморен. Тој бил роден 14 недели прерано и во болница морале да го будат секој час време заради хранење. Кога на возраста од 4 месеци бил пуштен дома, ја понел со себе и болничката рутина за спиење.

Цело семејство веќе било на работ од нервите и секоја ноќ се плашеле од моментот кога ќе го слушнеле како се буди. Освен ова, неспиењето имало влијание врз неговото однесување во текот на денот и детето знаело да биде мрзоволно, да се удира себеси и другит, да вреска, да плаче. Знаел ноќе да се разбуди врескајќи дека во собата има чудовишта и пајаци. Често станувал од креветот во три часот наутро сосема расонет и неговите родители сето тоа ги довело до работ на исрпеност.

Мериен испробала разни методи за смирување и заспивање. Смирувачка музика, посебни светла, различни прекривки, преуредување на собата, ништо не помогнало.

Исто така, лекуван бил со мелатонин, хормон кој го регулира двениот циклус на организмот, но ниту таа метода не донела успех. Мериен конечно се обратила кај стручњак во оваа област кој ја советувал да му даде на Арон да изеде пред спиење пола банана. Тоа е многу едноставен совет! Мериен го послушала и тврди дека денеска Арон спие цела ноќ. Освен тоа, оди на спиење во 20 часот, а се буди во седум сабајле.

Што е толку чудесно во една обична банана?  Бананата содржи некои интересни хранливи материи и минерали кои можат да му помогнат на телото да се опушти. Тие се добар извор на магнезиум и калиум кои се заслужни за релаксација на мускулите. Исто така, бананите содржат триптофан кој нашето тело може да го претвори во сератонин, а потоа и во мелатонин кој предизвикува поспаност. Но се уште е потребен научен доказ кој ќе потврди дека храната богата со триптофан, може да не успие. Од друга страна, познато е дека јагленохидратите не заспиваат, а бананата има многу повеќе јаглени хидрати од другото овошје. Во секој случај, ако имате сличен пороблем, ништо не ве чини да пробате.

[better-ads type='banner' banner='999' ]