Третмани што треба да се избегнуваат за време на бременоста

Кај повеќето жени, кожата, косата и ноктите за време на бременоста изгледаат подобро од секогаш. Меѓутоа, целулитот, тој непријател на женската убавина ги напаѓа токму трудниците, а истиот проблем се случува и со стриите и испуканите капилари. Многу третмани кои би можеле да помогнат во санацијата на овие проблеми на трудниците им се забранети.

0
2280

 

Бременоста остава трага на целото тело кое за време на 40 недели поминува низ темелни промени и се прилагодува кон новонастанатата ситуација. Многу од овие промени се позитивни, но некои од нив можат да се протолкуваат како непријатни или лимитирачки.

Во оваа состојба кај жената доаѓа до подобрување на циркулацијата, кожата станува затегната и мека, состојбата на сува и иритирана кожа исчезнува, како и акните, косата станува поблескава и погуста, а ноктите поцврсти. Меѓутоа, има и помалку убави промени како што се тешки нозе, купероза, отеченост, целулит и секако, појава на стрии.

Препорачливи третмани:

  • Лесни масажи на лицето и телото ќе ве опуштат и ќе ве ослободат од насобраната вода околу зглобовите.
  • Разни ладни третмани со алги за подобрување на тонусот на кожата, особено на градите.
  • Лесни пилинзи, никако хемиски, врз база на природнио соли кои ќе ја направат кожата мека и податлива.
  • Чистењето на лицето е третман во кој можете да уживате без страв.
  • Депилациите со паста или со восок се пожелни методи за време на бременоста затоа што не предизвикуваат воспаленија.
  • Ајурведските третмани, пред се, козметичката масажа со масла ќе ве опорават и ќе ве ослободат од заморот.
  • Не мора да се откажете ниту од убавите и уредни нокти.

Забранети третмани:

  • Избелувањето на забите е забрането за време на бременоста, а препорачливо е да се употребуваат поблаги забни пасти.
  • Инјекции ботокс кој е по својот состав отров, со цел подмладување или спречување на потењето се строго забрабнети во бременоста.
  • Сауната, заради големиот температурен шок за телото, не се препорачува за време на бременоста.
  • Солариумот како и претераното изложување на сонце, не смеат да бидат пракса за време на бременоста.
  • Антицелулитните креми и третмани заради големата количина на хемикалии кои продираат низ кожата не смеат да се користат во текот на целата бременост.
  • Спа-третманите и бањите се исто така забранета зона за трудниците во текот на сите 40 недели.

 

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]