Каде треба да бидат за Нова година бебињата, децата, тинејџерите?

Многу родители се прашуваат дали е во ред тие да се забавуваат додека други им ги чуваат децата. Но во ова нема ништо лошо, иако можете да одберете и да прославите сите заедно во домашна атмосфера. Оние малку поголемите, можете да ги пуштите на издвоена прослава, но секако мора да знаете каде и со кого.

0
719

Родителите обично не сакаат да ја пропуштат првата Нова година на нивното бебе иако тоа нема поим за што станува збор и секако би требало да ги преспие клучните моменти од прославата. Сепак, доколку сте од оние малубројните кои планираат да одат некаде на дочек и да го остават некому на чување своето бебе, предлагаме да одберете некој во кого имате доверба затоа што само така ќе можете да се опуштите. Тоа секако би требало да е некој кого бебето веќе го познава. Со бебе не би требало да oдите на дочек надвор од ваѓиот дом, освен ако не станува збор за одење кај роднини или пријатели кои би можеле да ви обезбедат посебна соба за бебето недалеку од вревата и чадот.

Ниту децата од предучилишна возраст, ниту помладите основци не се за големи и бучни прослави со големи групи луѓе. Најдобро би било да слават дома, со вас или со свое друштво, но секогаш под надзор на возрасните. Постарите основци, од седмо и осмо одделение, можете да ги пуштите на прослава по нивни избор, но не им дозволувајте неограничена слобода. Би било паметно во близина да има барем една возрасна личност, но секако секој родител треба да знае точно каде ќе биде забавата и кој ќе биде присутен. Работата е во тоа што тинејџерите често не се свесни за можните последици од своите активности, на пример, од фрлањето на петарди, па постојано треба да им се повторуваат правилата кон кои треба да се придржуваат, на пример, да им се напоменува дека употребата на пиротехнички средства е исклучително опасна, како и консумирањето на алкохол.

Проблемите предизвикани од консумирањето на алкохол претставува се позачестен проблем од година во година, па мора да го земете предвид и тоа кога ќе одлулите да ги пуштите фда прославуваат со своите пријатели. Објаснете им и раскажете им за некои случаи за кои сигурно сте слушнале досега, кога децата на нивна возраст завршувале на токсикологија што е прилично глупо место за да се помине новогодишната ноќ. Кажете им дека можат да се напијат едно пиво но дека не треба да претеруваат. Најдобро и за вас и за нив е да им купите безалкохолни пива.

[better-ads type='banner' banner='999' ]