Што да ставите под елката?

Убава вест за сите родители кои се уште не знаат што да им купат на децата за Нова година е онаа дека тие најубаво си играат со кал, со чорапи, со топка и со песок.

0
214

Во најновиот број на угледното американско списание „Психологија денес“, Габриела Принцип, професорка по психологија и авторка на книгата „Вашиот мозок  во детството“, составила листа од најдобри играчки што можете да им ги подарите на децата за Нова година или за Божик.

Нејзините предлози немаат никакви допирни точки со сите оние листи на подароци што се објавуваат во овој период од годината. На нејзината листа нема гаџети, нема играчки за кои ви се потребни батерии или упатство. Наместо тоа, на оваа алтернативна листа се наоѓаат предмети кои се многу ефтини или потполно бесплатни.

На нејзината листа, помеѓу другите, има и чорапи, песок, топка, врата, кал….Заедничко за сите овие „играчки“ е тоа што им се достапни на сите, а можат да се употребат на повеќе начини. На пример, од обичните чорапи можете да направиуте кукла, ако ја наполните со памук и дополнително ја украсите, но може да биде и прекривка за Барбика.

Меѓутоа, заедничко за овие играчки е и тоа што веројатно, доколку некој од родителите и се осмелат да им остават на своите деца под елката нешто од листата, ќе бидат прогласени за најлоши родители во историјата на човештвото.

Габриела Принцип е мајка на осумгодишно девојче и за волја на вистината сите предмети кои се наоѓаат на нејзината листа навистина имаат потенцијал да бидат фантастични играчки. Меѓутоа, би било интересно да се види како таа или кој било друг родител под елката става само играчки од споменатата листа. Затоа, суштината не е во тоа за Нова година да му подарите на детето кофа со кал или дупната топка, туку да размислите два пати што да му купите на детето и дали таа играчка ќе го инспирира да учи и да ја развие фантазијата. Во таа смисла, во Соединетите Американски држави од неодамна постои начин за релативно малку пари да дојдете до сосема пристојни играчки кои ќе ги задоволат вкусовите и на најразмазените деца. Имено, една телевизиска станица во Бостон, претставила преку сајтот Toygaroo.com, своевиден сервис за изнајмување на играчки преку кој можете да нарачате кутија со четири различни играчки за 25 долари, а потоа да ги замените за други на секои 60 дена. Доставата е вклучена во цената, а се води сметка и за хигиената, па играчките се дезинфицираат пред да му се испратат на друго семејство.

Бидејќи кај нас ја нема оваа можност, постои уште поедноставен налин да дојдете до бесплатни, а за вашето дете интересни и нови играчки е да најдете пријатели или соседи со кои ќе ги разменувате играчките. Згора на тоа, факт е дека за сите деца најфасцинантни играчки се токму туѓите.

[better-ads type='banner' banner='999' ]