Топ 10 училишта во светот

Наспроти македонските училишта со расипани тоалети, покриви што прокиснуваат, нефункционални училници и нејасен и неоперативен училишен курикулум, овие 10 училишта на истава планета, како да ве повикуваат да се вратите во училишните клупи.

0
334

Постојано слушаме за училиштата ширум Македонија во кои прокиснува кровот, или не работат тоалетите, за нефункционалните училници кои не ги исполнуваат ниту минималните услови за работа. Настрана сите небулози околу содржината на училишниот материјал и екстерните тестови. На истава планета, но во некои други земји ширум Европа и светот, некои други клинци „пливаат“ во сосема поинакви услови, „се борат“ со поубавата страна од образованието, во необични и функционални училници и со јано прецизиран курикулум. Еве 10 навистина прекрасни училишта за какви што нашите деца не можат ни да сонуваат.

Охајо, САД

Во ова училиште нема училници. Во внатрешноста се наоѓа една голема просторија со т.н. одвоени катчиња за учење. Секој ученик има свој компјутер кој содржи индивидуален план и програма за учење.

Њујорк, САД

Оснивачите на ова училиште сметаат дека секое училиште би требало да изгледа како едно големо игралиште. Во ова училиште истакнуваат дека е најважно низ различни активности да се развива детската фантазија, љубопитност и креативност.

Франција

Секој квадратен метар од ова училиште е искористено за да се посади трева. Кога е времето убаво, наставата се одржува на отворено, во зеленило.

Еспу, Финска

Во текот на наставата учениците можат да седнат кадешто сакаат. Ако се уморни можат дури и да прилегнат на кауч. Училиштето пропагира слободен избор во секое катче и во секој момент.

Австралија

Сите ученици во ова училиште работат по индивидуален план и програма за учење, кои се прилагодува на наставниците и родителите. Децата исто така имаат право на предлози за да се подобри училишниот курикулум. Особеноста на ова училиште е и во необичниот екстериер.

Стокхолм, Шведска

Низ целата институција се протегаат посебни простории, тн. „коридори за учење“ во кои се овива наставниот план и програма. Некои од просториите во училиштето се наменети и за индивидуално учење. Сите ходници имаат wi-fi.

Копенхаген, Данска

Ова училиште може да се „пофали“ со необичен ентериер. Наставата се одржува во необични стаклени коцки.

Амстердам, Холандија

Според филозофијата на ова училиште секој ученик работи според индивидуална програма за учење која е скроена во согласност со личните интереси, таленти и вештини. Во неговата изработка учествуваат учениците, родителите и наставниците.

Стокхолм, Шведска

Во ова шведско училиште нема да најдете училница затоа што целата зграда е еден голем отворен простор. Учениците користат исклучиво компјутери, а наставниот план содржи различни уметности.

Сан Франциско, Калифорнија

Оваа образовна институција им дозволува на децата се она што им е дома забрането. Децата можат да се извалкаат, да си играат со оган и да расклопуваат кујнски апарати.

[better-ads type='banner' banner='999' ]