Анксиозните тинејџери во Австралија наскоро ќе ги лекуваат со канабис

Децата од 12 години и повеќе кои страдаат од анксиозност и други ментални здравствени проблеми наскоро ќе почнат да се третираат со медицински канабис во рамките од првото вакво истражување во светот.

0
123

Психијатарот и Австралијанец на годината Патрик МекГори добил средства за да го започне истражувањето со младите Австралијанци на возраст помеѓу 12 и 25 кои имаат ментални проблеми. Станува збор за студија во чии рамки овие анксиозни и депресивни учесници кои не реагираат на традиционалните методи ќе добиваат 2 до 4 капсули канабидиол дневно. Капсулите кои содржат непсихоактивни компоненти од канабис ќе бидат набљудувани во текот на 12 недели.

Канабидиолот е претходно докажано ефикасен метод на лекување на анксиозност и депресија кај возрасните, според резултатите од европските студии. Тој функционира во интеракција со мозочните рецептори за регулирање на стравот и вознемиреноста.

Студијата на професор МекГори ќе биде прва студија од која ќе се раководат во иднина доколку се покажат слични резултати и кај младите. Тој инсистира на тоа дека има очајничка потреба од алтернативно лекување.

„Ние знаеме дека во најмалку 50 проценти од случаите кадешто на младите им се пропишани антидепресанти, тие всушност не дејствуваат. Ние треба да сме иновативни и да се свртиме кон алтернативните терапии за да помогнеме да се намали оваа појава која е се почеста меѓу младите“, вели МекГори.

Претходните студии со канабидиол и неговото дејство кај глувци не откриле никакви промени во апетитот, крвниот притисок, телесната температура и психолошките функции.

Професорот вели дека го разбира тоа што третманите со канабис се сметаат за контроверзни, но уверува дека канабидиолот е „најсигурниот дел од медицинскиот канабис“.

„Исто така, важно е да се запамети дека тоа нема да биде прв избор за третман. Тоа ќе биде за луѓето кај кои немаат успех традиционалните терапии“, вели тој.

Оваа студија ќе почне во јуни.

[better-ads type='banner' banner='999' ]