Како влијае изненадувањето кај бебињата?

Истражувањата велат дека бебињата учат подобро и повеќе за светот што ги опкружува кога ќе се соочат со неочекуван феномен.

0
312

Новите студии на универзитетот Хопкинс тврдат дека бебињата учат поефектно доколку се изненадени од нешто. Брајан Хандверк го објаснува тоа на следниов начин:

„Неочекуваните искуства кои го реметат бебешкото спознание на светот, го поттикнуваат интересот и им помагаат на бебињата да одгатнат каде да ги фокусираат своите спознајни моќи“.

Оваа студија објаснува не само дека многу малите бебиња веќе имаат јасни очекувања туку и дека кога ќе искусат изненадување, учат многу поефектно.

Когнитивните психолози Ејми Стал и Лиса Фегенсон, коавтори на новата студија објавена во Science, тврдат дека бебињата се помотивирани да учат за своето опкружување и тоа го прават најдобро тогаш кога се соочени со изненадување. Доколку во нивното опкружување се појави нов објект на изненадувачки начин бебето ќе покаже многу поголем интерес и ќе посака подобро да го запознае тој објект.

Доколку постои непоклопување помеѓу очекуваното и она што навистина се случило, тоа е можност да се преиспита знаењето за даден феномен и да се научи нешто ново.

[better-ads type='banner' banner='999' ]