Справување со стравовите

Повеќето мали деца сакаат животни, но дури и оние кои сакаат да бидат ветеринари кога ќе пораснат, имаат аверзија кон одредени животинчиња.

0
202

Иако речиси сите деца сакаат животни, многу од нив и се плашат. Стравот од кучиња или од инсекти се најчестите стравови што се развиваат ненадејно кај децата на возраст помеѓу 7 и 14 години, најчесто после некое трауматско искуство со овие животни. Емпатијата е најдобар начин да му се помогне на детето во вакви случаи.
Некои фобии и стравови се задржуваат и во подоцнежните години. Еве совети како да се соочите со најчестите стравови кај вашето дете:

Страв од кучиња
Не го терајте детето да биде во близина на кучиња на сила. Наместо тоа, признајте го неговиот страв и речете му дека ќе го држите за рака додека минувате покрај куче. Постепено воведете го во светот на кучињата такашто ќе му читате приказни за кучиња или ќе го однесете во продавница за животни кадешто ќе може безбедно да ги види од дистанца. Потоа можете да го земете кај некои пријатели кои чуваат добро издресирано куче. Очекувајте ова сепак да биде долг процес на привикнување.

Страв од инсекти
Не го потценувајте овој страв, сочувствувајте со детето. Најчесто коренот на ваквиот страв е страшна или болна средба со бубачка. Постепено зборувајте му за инсекти кога шетате во природа или кога посетувате некој природонаучен музеј. Не правете голем проблем од неговата опсесија со инсектите од кои се плаши, колку што сте посмирени, толку вашето дете ќе се привикне на инсектите од најразлични видови.

[better-ads type='banner' banner='999' ]