Како бебињата ги препознаваат негативните личности?

Бебињата можат да ја препознаат негативната енергија кај возрасните и реагираат на неа на различни начини. На нејзиното присуство главно одговараат со хистеричен плач, со нервоза и „чешкање“ по главата, покажуваат истражувањата

0
742

Ако бебето наеднаш го смени расположението и смеењето премине во плачење, а од дотогаш мирна положба почнува да се превртува или интензивно да се фаќа за косичката, значи дека не и годи присуството на личноста што ја држи, се обидува да си игра со неа или само седи покрај неа – вели Мајкл Дени, еден од водачите на истражувањето.

Ова може да биде многу непријатно за родителите кои тоа го гледаат, но не треба да се воздржуваат и заради куртоазија кон човекот да дозволат нивното бебе да плаче. Најдобро е да го земат бебето во прегратка, да се повлечат во друга просторија, да го смират и да го заспијат. Можно е личноста на која бебето реагирало лошо само во тој момент да зрачела негативно затоа што е под стрес или e оптоварена со проблеми, па дајте и и втора шанса.

[better-ads type='banner' banner='999' ]