СОЗДАДЕТЕ ИМ НАВИКА ЗА ЧИТАЊЕ

0
2145
Кога станува збор како на децата да им се создаде навика за читање кај децата, ја знаете вежбата: започнете млади, споделувајте книги, посетувајте библиотеки и бидете добар пример. Но, што ако кај вашето дете се уште нема искра за читање? Еве неколку креативни предлози и брзи совети, сите тестирани и организирани во седум едноставни стратегии за инспирација како за новите, така и за старите читателите.

1. УЛОВЕТЕ ГИ СО ПРИКАЗНАТА
Започнете заедно: Читајте ги на глас првите неколку поглавја (или страници, ако книгата е пократка) за да ги заинтересирате вашите деца околу приказната, потоа дозволете им да ја дочитаат сами.

2. НЕКА БИДЕ ЗАБАВНО
Читајте низ игра, децата ќе бидат среќни ако се игра. На пример, можете да направите квиз со децата врз основа на приказната од книгата.

3. ВКЛУЧЕТЕ ГО ДРУШТВОТО
Сè е позабавно со пријателите. Читајте му на домашно милениче. Детето може да биде пресреќно кога книгата ја чита пред семејното куче, на пример, бидејќи тоа никогаш нема да го корегира. Претпочитајте и читање на семејни собири. Соберете ги децата околу вас и читајте им. Дозволете им да кометираат гласно за прочитаната содржина.

4. ПОНУДЕТЕ НАГРАДА
Наградете го читањето и ќе ја поттикнете возбудата кај децата. Можете новата книга за вашето дете да ја сокриете во посебна украсна торба и како изненадување да го оставите детето да го погодува насловот или темата на книгата.

5. РАЗМИСЛУВАЈТЕ НАДВОР ОД КНИГАТА
Ако вашите деца се обратат за информации, постојат многу начини тие да се добијат.Разгорете ги нивните страсти. Снабдете ги децата со различни материјали за читање, (за животни, риболов, пловење). Ако се  заинтересираат за нешто, со задоволство ќе им прочитате.
Мешајте медиуми: За деца кои пораснале со компјутери, е-читач или таблет, може да биде инстант решение. Аудио книгите, кои им овозможуваат на немирните деца да играат, цртаат, можат да направат чуда.

6. ЧИТАЊЕ И ПИШУВАЊЕ
Споделувањето на идеите на целото семејство на хартија, може да ги инспирира децата да го прочитаат она што другите го напишале. На пример, може да ги натерате децата да си направат своја верзија за крајот на книгата, да напишат своја, приказна или да нацртаат цртеж.

7. ОЖИВЕЈТЕ ЈА КНИГАТА
Доведете ги децата во интеракција со приказната од книгата и тие ќе останат ангажирани до крај. Децата нека одберат ликови од книгата и нека направат претстава глумејќи ги тие улоги. Или пак, преименувајте ги карактерите од книгата, со членови на семејството и пријатели кои најмногу наликуваат со нив.
[better-ads type='banner' banner='999' ]