ДАЛИ СТЕ РОДИТЕЛ – ХЕЛИКОПТЕР?

0
1665

Не знаете како е да се биде премногу грижлив родител, без притоа да ги „гушите“ своите деца? Еве како да дознаете дали сте хеликоптер родител.

Терминот хеликоптер родител” за првпат беше употребен во 1969 година, во книгата на д-р Хаим Џинот, „Родителите и тинејџерите“. Во неа, тинејџери зборуваат дека нивнитеродители лебделе над нив како хеликоптер. Терминот станадоволно популарен, за да во 2011 година и официјално влезе во речник.

Хеликоптер родителство се однесува на родителите кои премногу се фокусирани на своитедеца. Тие обично преземаат преголема одговорност за искуствата на нивните деца, особено за нивните успеси или неуспеси. Тоа значи дека се вклучени во животот на детето на преконтролирачки и презаштитнички начин.

Многу родители – хеликоптери почнуваат со добра намаера. Но проблемите почнуваат кога се поминува линијата и родителите ја губат перспективата за тоа што им е потребно на децата. Посветеното родителство има многу придобивки за детето, како што се зголемување на чувствата на љубов и прифаќање, градење на самодоверба и обезбедување насоки и можности да расте. Проблемот е кога родителството ќе се регулира со страв и одлуки врз основа на она што може да се случи, но тешко е да се контролира се што децата учат и да се биде до нив на секој чекор. Неуспехот и предизвици ги учат децата на нови вештини и најважно, ги учат децата дека тие може да се справат со неуспех и предизвици.

КОЈ Е ХЕЛИКОПТЕР РОДИТЕЛ?

Терминот најчесто се применува за родителите на средношколци или студенти. Кога децата се мали, родителот – хеликоптер може постојано да го засенува детето, секогаш да игра сонего и постојано да го насочува неговото однесување , не дозволувајќи му да биде ни малку сам.
Во основно училиште, хеликоптер родителство може да се открие кога родителот му избира на детето наставник или тренер, му избира пријатели и активности, или му обезбедуванепропорционално помош во извршување на домашните задачи или некои училишни проекти.

ЗОШТО РОДИТЕЛИТЕ ЛЕБДАТ?

Хеликоптер родителство може да се развие поради повеќе причини.

СТРАВ ОД КОБНИ ПОСЛЕДИЦИ

Слаби оценки, или неможноста да се добие одредена работа, може да бидекатастрофаза родителот, особено ако се чини дека тоа би можело да се избегне со поагресивнародителска инволвираност .
Родителите ја преземаат контролата врз децата во обид да ги заштитат за да не бидат повредени или да не се разочараат.

КОМПЕНЗАЦИЈА

Возрасните кои не се чувствувале сакано, или биле игнорирани како деца, компензираат со своите деца. Прекумерното внимание и следење се обиди да се излекуваат недостатоците кои родителите ги чувствувале додека растеле.
Кога родители гледаат други родители кои премногу ги „гушат“ своите деца, кај нив може да се предизвика слична реакција. Може лесно да почувствуваат дека тие не се мешаат доволно во живот на своето деца и дека се лоши родители.

НАМАЛЕНА ДОВЕРБА И САМОДОВЕРБА

Главниот проблем со хеликоптер-родителство е тоа што успева. Пораката што ваквите родители ја испраќаат на децата, е: Моите родители не ми веруваат да го направам ова на мој начин“ и ова води кон недостиг на доверба.

НЕРАЗВИЕНИ ВЕШТИНИ ЗА СПРАВУВАЊЕ

Ако родителот е секогаш тука за да се исчисти нередот создаден од детето – или да се спречи проблемот на прво место – како ли детето некогаш ќе научи да се справи со загуба, разочарување или неуспех? Истражувања покажаа дека хеликоптер – родителство може да направи децата да се чувствуваат помалку надлежни во справувањето со стресот на сопствениот живот.

ЗГОЛЕМЕНА АНКСИОЗНОСТ

Една студија од Универзитетот „Марија Вашингтон“ покажа дека претераната окупираност на родителите со децата може да предизвикаат анксиозност и депресија кај децата.

ЧУВСТВО ЗА ПРАВА

Децата кои отсекогаш својот живот го прилагодувале според ставовите на родителите, лесно се навикнуваат секогаш да ја применуваат волјата на родителите без да развијат чувство дека имаа апсолутни права да ги прават работите на свој начин.

НЕРАЗВИЕНИ ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ

Родители кои секогаш врзуваат чевли, чистат чинии, прават ручеци, перат облека и го следат напредокот на училиште, дури и откако децата се ментално и физички способни да ги извршуваат задачите, ги спречуваат во усовршувањето на вештините кои треба да ги знаат за себе.

КАКО МОЖЕ ДА СЕ ИЗБЕГНЕ ХЕЛИКОПТЕР РОДИТЕЛСТВОТО?

Како може еден родител да ги сака и да се грижи за своите деца без да ја инхибира нивната способност да учат важни животни вештини? Како родители, ние имаме многу тешка работа. Ние треба со едното око да внимаваме на децата кои се мали, на нивниот стрес, на емоциите, а со другото око да внимаваме на возрасните деца кои треба да ги подигнеме. Процесот на растење на децата и носење од една точка до друга, вклучува некогаш и страдање, како за децата, така и за нас.

Во практична смисла, тоа значи да им се овозможи на децата борба, без да се разочаруваат и кога ќе се појави неуспех. Тоа значи дека треба да им се допушти на децата да извршуваат задачи за кои што се физички и психички способни. Местењето на креветот на вашето тригодишно дете не е „лебдење во воздух“. Местењето кревет на 13-годишен, тоа е. Со тоа што ќе ги оставате децата активно да учествуваат во решавањето на нивните проблеми, ќе помогнете тие да се развијат во независни и самоуверени деца, какви што треба да бидат.

[better-ads type='banner' banner='999' ]