Дали сте во искушение да го воспитувате вашето дете со строгост и казни?

Од каде таа луда идеја дека ќе го поправиме нашето дете со тоа што прво ќе направиме да се чувствува лошо?

0
90
Фото: Pexels

Сетете се кога последен пат сте се почувствувале понижени или некој се однесувал неправедно кон вас? Дали посакавте да соработувате или да се подобрите?

Ако сте во искушение да го „воспитате“ вашето дете користејќи обвинување, засрамување или казнување, со тоа ќе создадете обесхрабрувачки верувања кои е тешко да се менуваат во зрелоста.

Многу луѓе силно веруваат дека строгоста и казнувањето функционираат. Се согласувам.

Никогаш не би рекла дека казните не функционираат. Казните функционираат во смисла дека обично веднаш го прекинуваат непосакуваното однесување. Но, какви долгорочни резултати постигнуваме со ова?

Честопати не залажуваат моменталните резултати. Понекогаш мора да бидеме внимателни со она што функционира ако долгорочните резултати се негативни.

Децата се помотивирани да соработуваат, да учат нови вештини и покажуваат наклонетост и почит кога се чувствуваат охрабрени, поврзани и сакани.

Врската може да има многу форми. Може да биде едноставна како реченицата „Те сакам и одговорот е не“.

Можете да се држите цврсто за вашите вредности, а и натаму да го водите вашето дете со смирени, нежни раце и нежен глас.

Ова не е лесна задача; бара трпение, енергија и бескрајна надеж.

[better-ads type='banner' banner='999' ]