Што кога детето одбива да спие само во својот кревет?

Ова е универзален проблем на децата кои како бебиња навикнале да спијат со мама

0
1120

Многу родители мака мачат со универзалниот проблем кога детето одбива да спие само во својот кревет. Ако е и вашето дете такво, не се грижете, не е единствено.

Но ако сметате дека е вашето дете веќе големо за да продолжи со оваа навика, еве како да го решите проблемот:

  1. Запомнете дека за менување на навиките и воведување на нови „методи“ се потребни минимум три дена по ред, па не се откажувајте после првата ноќ ако вашето дете упорно одбива да остане само во креветчето.

Издржете минимум три дена.

  1. Посветете ја вечерта на заспивањето. Зборувајте му на детето пред легнување за тоа колку е веќе големо и спремно за са спие во војот кревет, направете ја рутината за заспивање забавна и секако, раскажете му приказна. И тоа правете го бавно, со тивок глас, по можност во веќе затемнета соба (не мора нужно да читате, можете и да му раскажувате нешто од своја глава патем галете го и чешкајте го, такашто детето до крајот на приказната веќе почнува да заспива.
  2. Придржувајте се до сличен распоред и ставете го на спиење во исто време – со многу зборови на охрабрување пред навистина да го исратите на спиење.
  3. Останувајте со детето во кревет се пократко и пократко, за да станат посвесни дека сте вие тука, но дека тоа сепак ќе остане да спие само.
  4. Очекувајте дека првите неколку денови ќе негодува и затоа трпеливо останете, но бидете доследни и кажете му дека ќе бидете во близина, само неколку чекори од собата.
  5. Ако и после 3-4 дена вашето дете едноставно не успева да заспие откако ќе си одите или во текот на галењето и раскажувањето, ако многу плаче и едноставно не си дозволува себеси да заспие, размислете дали сте го „погодиле“ вистинското време затоа што повеќето деца честопати не можат да заспијат доколку се премногу уморни. Иако можеби ви изгледа како на вашето дете да не му се спие, пробајте (во ваков случај) да го поместите времетио за легнување малку порано. Не подоцна!
  6. По фазата на доење, кога плишаните играчки на перницата до детското главче се „забранети“, сега е вистинско време да ја воведете рутината на „чувари на соништата“. Детето нека си земе со себе играчка која ќе ја одбере за да го чува додека тоа спие.
  7. Бидете истрајни. Ретки се децата кои туку така ќе се откажат од мама и од тато, ако како бебиња навикнале да спијат во ист кревет со нив, па затоа бидете истрајни и придржувајте се до новата рутина, сега кога е детето доволно „големо“. Играјте токму на таа карта, дека е детето доволно „големо“. Преку ден фалете го за да може навечер, веќе после неколку дена, и тоа, макар со мала радост да тргне да го одработи своето – да остане само во креветот.
  8. И секако, не им ја затемнувајте сосема собата. Нека имаат некој извор на светлина и нека ги наслушнуваат звуците, ако се уште не заспале – таа сигурност им треба за да знаат дека иако се сами во креветот, сепак не се целосно сами.
  9. Размислете да му купите голем, вистински кревет, наместо бебешкото креветче за да почувствуваат дека се навистина големи.
[better-ads type='banner' banner='999' ]