Најсмешните детски одговори на прашањето што се баба и дедо?

Сите би требало да пробаат да имаат баба, особено ако немаат телевизор зашто тие се единствените возрасни кои сакаат да го поминуваат времето со нас.

0
526

Што се бабите и дедовците: Кога ќе им го поставуте ова прашање на децата, ќе добиете најсмешни одговори. Прочитајте некои од нив објавени во книгата „Не ме викај баба“ (Don’t call me grandma).

  1. Баба и дедо се жена и човек и кои немаат свои мали деца, па затоа ги сакаат туѓите.
  2. Дедо е човек, а баба е дама!
  3. Бабите и дедовците не мораат да прават ништо освен да бидат таму кога ќе дојдеме да ги видиме. Толку се стари што не смеат многу да си играат или да трчаат. Добро е кога не водат во продавница и кога ни даваат пари.
  4. Кога не водат во прошетка, застануаат покрај нешта како што се убави лисја и гасеници.
  5. Ни ги покажуваат и ни зборуваат за боите на цвеќето и не учат да не стапнуваме на гомца.
  6. Бабите се обично дебели, но не толку за да не можат да си ги врзат врвците. Носат очила и смешна облека.
  7. Mожат да си ги извадат своите заби.
  8. Бабите и дедовците не мораат да бидат умни.
  9. Мораат да одговараат на прашања како „Зошто Бог не е женет?“ и „Зошто кучињата ги бркаат мачките?“.
  10. Кога ни читаат, не прескокнуваат редови. Не им е тешко да ни ја читаат од почеток повторно истата приказна.
  11. Сите би требало да пробаат да имаат баба, особено ако немаат телевизор зашто тие се единствените возрасни кои сакаат да го поминуваат времето со нас.
  12. Тие знаат дека треба да грицнеме нешто пред спиење и не бакнуваат дури и кога не сме биле добри.
  13. Дедо е најпаметен човек на светот! Ме учи на добри работи, но не можам да го гледам доволно често за да станам паметен како него.
  14. Смешно е кога ќе се наведнат; вие слушате дека испуштиле гас, а тие го криват кучето.
[better-ads type='banner' banner='999' ]