Како треба да се зборува со децата за сексот?

Невиноста ја изгубив во сопствениот кревет и со сите знаења кои ги научив од своите родители и навистина мислам дека тоа многу ми помогна, вели Данката Сара Редитор, која веќе со години живее во САД и ја воочила разликата во воспитувањето на децата во Данска и во остатокот од светот

0
242

Многу често се пишува за начинот на кој Данците ги воспитуваат своите деца. Меѓудругото, тие се познати и по тоа што имаат многу здрав и отворен однос со своите деца за сѐ. За нас, можеби тие делуваат малку ладно, но за разлика од нас имаат многу поприземен и поприроден однос кон децата, а кога станува збор за сексот, нема табу тема.

Данката Сара Редитор која веќе со години живее во САД ја воочила таа битна разлика помеѓу овие два народи, како и тие два начини на воспитување на децата.

„Морам да ви признаам дека не можам да замислам како би можела да научам било што за сексот, а тоа да не е токму така како што ме учеа моите родители. Тие секогаш беа отворени со мене. Дури и кога како мал првпат прашав како се раѓаат бебињата, тие на наједонставен начин ми објаснија и ми покажаа илустрирана книга за деца која се занимава токму со таа тема. Дури и ми покажаа илустрација на пенис во неговите три фази – спуштен, кренат и пенис во ејакулација. За нас тоа беше нормална работа затоа што сексот не е табу и децата треба да знаат се што ги интересира. И треба да го дознаат тоа токму од своите родители. Американците се по ова прашање поинакви. Со отворем разговор за нашите тела и за сексуалноста нема да добиете промискуитетно дете туку токму спротивното – дете кое ќе го сака и ќе го почитува сопственото тело“.

Данците имаат многу слични книгички, а токму Сара Редитор чија приказна е објавена на порталот Bored Panda, за оваа цел искористила неколку илустрации од две такви книги.

„Моите родители се доселиле од Данска па јас имав малку поинакво воспитување од она на моите врсници. Кога ги прашав своите родители како доаѓаат на свет бебињата, тие ми го објаснија тоа на наједноставен начин, а ми покажаа и книга полна со илустрации. Кога ги прашав своите родители дали тие се уште имаат секс, најнормално ми одговорија: секако, често, но само тогаш кога ти спиеш или кога не си дома за да не видиш. Апсолутно сум сигурна дека еден од најголемите гревови на Американците е што не се во состојба со своите деца да разговараат отворено за сексот.

Невиноста ја изгубив во сопствениот кревет и со сите знаења кои ги научив од своите родители и навистина мислам дека тоа многу ми помогна. Иако се уште не сум мажена и немам деца, кога еден ден ќе ги имам, а се надевам дека ќе ги имам, сигурна сеум дека ќе ги одгледувам на истиот налин како моите родители. Искрено, не можам ниту да замислам како би било ако морав да ја изгубам невиноста во таква тајност и без толку добри упатства, како што им се случува на сите оние кои не можат да разговараат на оваа тема со најблиските“, вели таа.

[better-ads type='banner' banner='999' ]