Што е суштината на игрите?

„Играта е најсериозна активност на детството“ - Монтењ.

0
260

Играта е суштина на детството. Детето е сериозно сконцентрирано и вложува многу труд во играта. Тоа се гледа секој пат кога ќе се посвети на некоја слободна активност без одредена цел освен онаа да се следат сопствените нагони. Детето во играта го открива и го запознава своето тело, предметите и просторот околу себе. Тоа потоа се усовршува и играта станува покомплексна затоа што ја вклучува и фантазијата. Детето може да помине часови во разговор со своите играчки креирајќи секој пат нови ситуации.

За што служи оваа игра? Важно е да запамтите дека играта не е никогаш губење на време и дека не треба да ја потценувате. Многу родители сакаат да го исполнат времето на детет со организирани активности и со купување на „интелигентни“ играчки за „усовршување“ на различни вештини кои од друга страна пак, не оставаат простор за употреба на фантазијата.

Ова е најголем парадокс затоа што токму големата употреба на фантазијата и креативноста им даваат можност на децата да ги научат и да ги вежбаат вештините важни за целиот живот.

[better-ads type='banner' banner='999' ]