4 „бапски“ приказни за бременоста што треба да ги игнорирате

Сигурно сте забележале дека луѓето сакаат да делат совети. Иако добронамерни, тие совети се често бескорисни и невистинити. Еве 4 најчести „бапски приказни“ кои едноставно треба да се игнорираат.

0
1051

По објавувањето на својата бременост сигурно сте слушнале многу добронамерни совети, но и разни мислења од други луѓе за тоа ккао би требало да го одгледувате своето се уште неродено дете. Веројатно сте се наслушале реченици од типот: „Oo, изгледаш како да носиш машко!“ или „Што е најчудното нешто што ти се пријадува?

Луѓето веруваат во многу бесмислици кога станува збор за бременоста. Овде се четирите најчести „бапски приказни“ кои едноставно треба да се игнорираат:

  1. Необични желби

Иако е можно во бременоста да посакате нешто за јадење, односно да почувствувате желба на пример за нешто крцкаво или желба за кисело, шансите да посакате нешто поради што вашиот партнер ќе треба да излегува среде ноќ за да го набави, се многу ниски, односно немаат врска со бременоста, освен ако и инаку имате ненадејни желби и специфилен и необичен вкус.

  1. Обликот на стомакот го открива полот

Некои луѓе мислат дека носите машко ако ви е стомачето многу ниско, или дека носите девојче ако ви е стомакот многу високо. Но вистината е дека обликот на вашето стомаче е одредено со вашиот мускулен тонус, положбата во која се наоѓа бебето и тонусот на вашата матка. Освен тоа, пред самиот крај на бременоста, како што бебето ќе се спушта, така и вашето стомаче ќе оди се пониско.

  1. Опасни движења со телото

Не би смееле да ги кревате рацете високо над главата, да ги допирате прстите од нозете и да правите било какви луди движења кои би можеле да му наштетат на вашето дете и да предизвикаат заплеткување на папочната врвка околу вратот на бебето.

Ова секако дека не е точно. Ништо што ќе направите не може да предизвика нешто вакво. Бебето е тоа што е одговорно за заплеткувањето, зависно од тоа колку се движи во вашиот стомак.

  1. Мачки

Нема причина зошто не би смееле да галите мачка за време на бременоста (освен ако не сте алергични). Меѓутоа, би било добро да го избегнувате чистењето на кутијата за нужда. Кажете му на својот партнер дека прилина за токсоплазма може да биде токму мачешкиот песок од кутијата за нужда па затоа таа задача ќе треба да ја преземе тој.

[better-ads type='banner' banner='999' ]