Што да правите кога бебето ќе зајде од плачење?

Заоѓањето на бебињата стари шест месеци е нормална појава која сепак често знае да ги исплаши родителите. Еве како би требало да реагирате доколку вашето бебе заоѓа од плачење …

0
4469

Заоѓањето кое се јавува кај бебињата на шестмесечна возраст претставува многу негативно искуство за родителите. Непосредно после настан кој предизвикува силни емоции или болка, кај детето доаѓа до краткотран престанок на дишењето, а можно е бебето на кратко и да изгуби свест. Ако престанокот на дишењето трае подолго од десет секунди, можат да се јават и неволни движења на мускулите и укоченост на телото, па може да се помисли дека детето има епилептичен напад. Но повеќето деца целосно се опоравуваат во првата минута од почетокот на заоѓањето и потоа им се враќаат на нормалните активности. Но има и деца кои плачат и врескаат и после заоѓањето па така често заспиваат.

Заоѓањето или респираторните афективни кризи најчесто престануваат до шестата година и подеднакво ги погаѓаат и девојчињата и момчињата, а можат да се јават и како симптом кај децата кои имаат анемија предизвикана од недостаток на железо.

Заоѓањето е нормална појава која не треба да ги плаши родителите, а помош од педијатар треба да побарате ако се јави пред шестиот месец од животот на бебето. Исто така, совет од стручњаците побарајте и ако детето често заоѓа и ако нападите се силни и траат подолго од една минута.

Совет плус:

Ако вашето дете е темпераментно и чувствително, штом почне да плаче силно и гласно, земете го во раце, погалете го и обидете се да го спречите прекумерното плачење и вознемиреноста.

[better-ads type='banner' banner='999' ]