Познат српски лекар предупредува: Не им купувајте анатомски чевли на децата!

Поради анатомските детски обувки со кои во целост ја исклучуваме функцијата на мускулатурата на стапалото, таа ќе атрофира и дури тогаш тоа станува вистински „рамно стапало“, вели српскиот стручњак Прим.др.Љубомир Георгиевиќ.

0
4116

Со години владее еден тренд за купување на скапи обувки за децата за да се спречи појавата на „рамни стапала“. Српскиот стручњак Прим.др.Љубомир Георгиевиќ по тој повод се обратил на јавноста. Неговиот став за купувањето на детски обувки го пренесуваме во целост.

На детското одделение на „Институтот Бањица“ работев цел животен век, а начеланик на детското одделение со 126 постели бев повеќе од 20 години. Направив голем број операции на детските стапала заради конгенитални аномалии но и заради стекнати деформитети.

Како докажан стручњак морам да реагирам на неодамнешните текстови објавени во некои весници за наводната нештетност на чевлите за малите деца.

Детето се раѓа со стапало кое од долната страна има дебел масен слој, што на првите прегледи некои неискусни педијатри го прогласуваат за рамни стапала. Таквата конфигурација на детското стапало е најнормална затоа што масниот слој под кожата е предвиден да ги штити подлабоките слоеви од можни повреди во најраниот период по проодувањето па се до четвратата година од животот.

Во тој животен период детето кое се уште нема никакво животно искуство може да застане на секој предмет на тлото. Искуството го стекнува полека и со четири години веќе јасно ги разликува опасните предмети на тлото.

Токму кога во првите денови по проодувањето детето ќе застане на некој предмет што може да го повреди, тој убод на стапалото ќе се заврши во масноито ткиво, без да ги повреди подлабоките слоеви, но воедно ќе биде и ново животно искуство за детето.

Чевлите со „убави влошки“ од разни производители зборуваат за нивниот „напор“ да направат некаква погодност за децата. Затоа и нивните цени се исто толку високи како и на чевли број 56.

На долната страна од стапалата се наоѓаат два слоја, по осум мускули кои служат исклучиво за да го одржуваат надолжниот свод од стапалото и предниот попречен свод. Слојот на масното ткиво во првите четири години ги штити од повреди токму нив заедно со крвните садови и нерви. Заради својата маса ја „прикриваат“ формата на сводовите и тоа ги залажува педијатрите. Затоа тие лесно се одлучуваат да прогласат „рамни стапала“.

Кога во обувките ќе ставиме влошка, вршиме притисок на коскената структура на стапалата предизвикувајќи привидно конфигурација на свод. Кога детето во тој момент кога првпат ќе му облечете обувка со влошка, би ви кажало дека има чувство како да има камен во чевелот.

Со таквите анатомски чевли во целост ја исклучуваме функцијата на мускулатурата што ја споменавме претходно (веќе споменатите два слоја по осум мускули) и кога таа мускулатура која е во целост исклучена од функцијата ќе атрофира и ќе ја изгуби секоја функција и силата да ги одржи сводовите во физиолошката положба стапалото се „урива“ и дури тогаш станува вистински „рамно стапало“.

За да не морам повеќе да ве убедувам што е добро за стапалата на вашето дете, одете во некој клас во прво одделение и замолете ги сите деца да се собујат. Ќе видите дека речиси и нема дете со нормална конфигурација на стапалата. Одете на улица и најдете некое ромско детенце кое оди босо од мај до октомври, со рамни стапала, па самите просудете!

За децата се најдобри чевлите кои добро го покриваат стапалото и го заштитуваат од влага и студ без никаква влошка со нормална пропорционална пета според величината на чевлите, за детето да има впечаток како да оди босо по рамна подлога. На почетокот, кога децата проодуваат, и одат главно само дома, најдобро е да се користат оние обувки од волна што ги плетат бабите. Кога е топло времето пак најдобро е детето да оди босо. Патиките пак не се потребни се додека детето не почне да се занимава со спорт, затоа што главно сите патики имаат вградени влошки.

[better-ads type='banner' banner='999' ]