Хуманитарна трка за деца со Даунов Синдром

По повод светскиот ден на лицата со Даунов Синдром во организација на Клубот за мечување Ескрим се организира третата по ред Хуманитарна трка за деца со Даунов Синдром

0
98

Во сабота, 18.03.2017, во 11.00 часот во Градски парк, пред Школка почнува третата хуманитарна трка за деца со Даунов синдром во организација на Клубот за мечување Ескрим.

Трката е отворена за сите граѓани, а ќе учествуваат и деца со Даунов синдром и нивните семејства. Целта на овој настан е да се подигне свеста за овие деца и да се поттикнат и останатите спортски клубови да ги отворат вратите за нив, да ги вклучат во спортот и да им се обезбедат еднаков пристап.

За овие деца спортувањето е од огромно значење бидејќи со спортувањето ја развиваат моторика, координацијата, одржувањето на баланс и тонусот на мускулите. Сите овие работи се многу важни за нивниот натамошен самостоен живот. Со спортувањето тие добиваат можност за социјализација и стекнување на нови пријателства.

Заинтересираните можат да се пријават на http://www.smartrace.club/ или 30 минути пред почетокот на самата трка. Средствата собрани од овој настан ќе бидат наменети за едногодишно бесплатно спортување на децата.

[better-ads type='banner' banner='999' ]