Ана Владимировна Семјоновиќ е невропсихолог, доктор на психолошки науки, професор на Катедрата за клиничка психологија, автор на многу книги меѓу кои се и „Вовед во невропсихологијата во детската возраст“, „Невропсихолошка корекција во детската возраст“ и автор на многу практилни прирачници наменети за психолози, педагози и за родители.
Запрашана за нејзиниот став во однос на разниот развој на детето, односно, кога деца на возраст од околу три години почнуваат да учат да пишуваат, да читаат и да сметаат, таа категорично одговара: „Негативен“!
Како пример можеме да ја наведеме следната аналогија: дали е добро или не е да се почнува со полови односи во десетата година од животот? Сосема е јасно дека детето не е ниту физиолошки, ниту психолошки подготвено за таков „екцес“ и дека од тоа произлегува само траума. Тоа им е јасно на сите и за тоа не се потребни никакви посебни докази. Постојат неврофизиолошки закони на развојот на мозокот. Неговиот енергетски потенцијал е ограничен во секој временски момент и затоа, ако трошиме енергија на неблаговремен развој на некоја психичка функција, настанува дефицит онаму кадешто таа енергија требало да биде активно усмерена. Ако надворешната средина бара да се изврши некоја задача, мозокот ќе ја извршува но на сметка на некои други структури на психата.
Периодот помеѓу втората и третата година е период на бурен развој на сензомоторната и емоционалната сфера на детето. А ако почнете да го учите да чита, да пишува, да смета – да го трупате со сознајни процеси – вие со тоа му одземате енергија особено од емоциите. И кај малото дете почнуваат да се превртуваат наопаку сите емционални процеси и се оттргнуваат некои програми од соматскиот (телесен) развој. Многу е можна појава на некои дисфункции кои моеби понатаму ќе треба и да се лекуваат.
Последиците од таа селекција на енергија можат да не се појават веднаш, па во седмата година да почнеме да се чудиме од каде „наеднаш“ енуреза (мокрење во кревет), како се појавиле наеднаш стравови, и слично. Или, од каде во пубертетот наеднаш доаѓа до емотивни падови, никој не сфаќа зошто детето наеднаш станало агресивно или хиперактивно“, вели Владимировна Семјоновиќ.