Денешните осумнаесетгодишници се како некогашните петнаесетгодишници!

Раширено е верувањето дека децата растат се побргу и побргу. Меѓутоа, истражувањата покажуваат дека тоа баш и не е вистина, туку е баш обратно.

0
262

Како што покажува студијата објавена во списанието Child Development, современите деца подоцна почнуваат да пијат алкохол, да имаат секс, да работат или да возат.

„Во однос на активностите кои се „знак за возрасност и зрелост“ денешните осумнаесетгодишници се како некогашните петнаесетгодишници“, вели Џин Твенџи, професорка по психологија на Државниот универзитет во Сан Диего.

Научниците ги обработиле податоците од седум анкети од периодот од 1976. до 2016, со кои се опфатени 8,3 милиони млади на возраст помеѓу 13 и 19 години.

Податоците покажуваат дека 86 отсто од средношколците во постарите одделенија во периодот помеѓу 1976. и 1979. година биле на љубовен состанок, додека тој број опаднал на 63 отсто кај младите на иста возраст кои се анкетирани помеѓу 2010. и 2016. Ова се поклопува и со претходните наоди дека бројот на сексуално активни средношколци опаднал за 13 отсто помеѓу 1991. и 2015. Година на 41 отсто.

Тоа зборува дека во светот во кој се подолго се живее а деца се добиваат се подоцна во животот, тинејџерите се помалку се впуштаат во сексуални активности.

„Активностите за возрасни“ се поретки помеѓу младите од побогати и пообразовани семејства во кои родителите се постари, а бројот на деца е помалл, се вели во студијата.

Причината за одложување на „созревањето“ не може да се утврди од резултатите на студијата, но нејзините автори имаат некои претпоставки – пред се, дека своја улога може да има и фактот што децата денеска многу време минуваат на интернет, како и дека општеството и културата денеска им испраќаат порака дека зрелиоста и одговорноста се нешто што доаѓа дури во дваесетите па тие се однесуваат во согласност со ова.

[better-ads type='banner' banner='999' ]