Не се чудете ако вашето бебе…

Има некои чудни факти со кои можеби ќе се сретнете за време на развојот на вашето бебе, па не е лошо да се информирате за да не паничите без потреба.

0
1619

Важно е да се има на ум дека малите бебиња имаат незрел нервен систем, немаат животно искуство, а мозокот се уште им се развива со вртоглава брзина. Затоа не треба да ве чудат некои работи кои сепак ги изненадуваат повеќето луѓе.

Бебето ги прибижува рацете кон гениталиите за време на вршењето нужда

Кога ќе забележите дека бебето ги спушта рацете покрај телото и немирно лежи можеби се обидува да ве предупреди дека е време за менување на пелените.

Детето ги шири рацете како крилја кога паѓа

Причина за ова е тоа што бебињата го прилагодиле својот одбранбен систем и стручњаците сметаат дека е тоа причина што при паѓањето тие инстинктивно ги шират рацете. Тоа е воедно и знак дека нервниот систем на вашето дете правилно се развива.

Детето знае да стане, но не знае да седне

Колку и да е зачудувачки, дете кое знае со родителска помош или придржувајќи се за мебелот да застане на свои нозе, тоа не знае да седне. Децата почнуваат инстинктивно околу 10-тиот месец да се фаќаат за мебелот и да се креваат на нозе. Но, што тогаш? Детето обично останува зачудено затоа што спуштањето во седечка положба не е нешто што му е вродено, туку активност која ќе мора да ja учи од пракса, со висока доза на концентрација после неколку паѓања.

Необјасниво треперење

Ако забележите дека бебето од смеење во еден момент го сменило изразот на лицето, немате причина за загриженост. Нервниот систем се уште се развива, а кожата на детето е многу тенка, па уште не може во целост да ја регулира неговата телесна температура.

Штукање за време на цицањето 

Се претпоставува дека станува збор за неусогласеност на дишењето и голтањето кај бебето. Па така, бебето во исто време се обидува да го голтне млекото и да вдише воздух. После некое време бебето ќе ја усоврши и оваа вештина.

Лажна кашлица

Ако слушнете како детето кашла и во моментот кога ќе дојдете до него кашлањето престане а на лицето му се појави широка насмевка, не се грижете. Децата понекогаш сакаат на овој налин да привлекуваат внимание, но оваа навика трае многу кратко.

Заборавање на наученото 

Не е необично откако ќе научи некоја нова активност детето истата и да ја заборави. Колку и да ни изгледа нам едноставна, за детето таа активност е многу комплексна. Ова е слично како кога ќе дојдете после долго време до решение на одделен проблем, а утредента не се сеќавате како точно сте го отстраниле проблемот. Ако детето го убедувате да го повтори наученото пред повеќе луѓе и во ново опкружување, голема е веројатноста дека нема да може да се сети.

[better-ads type='banner' banner='999' ]