На кои здрави навики треба да ги научите децата?

Децата го почнуваат животот како празен лист хартија. Затоа е многу важно да ги научите на некои здрави навики и рутини кои ќе им траат цел живот

0
197

 

Рутината е неопходна па затоа е важно да ги научите своите деца на неколку многу важни здрави навики кон кои ќе се придржуваат во текот на целиот живот.

Појадок

Ова е најважниот оброк па важно е да ги наулите децата да стануваат доволно рано за да имаат време за појадок пред да заминат во училиште. Здравите деца редовно појадуваат. Одверете за појадок житарки од цело зрно и млеко или кајгана. Тоа би било одлично за совршен почеток на денот.

Да научат да си го слушаат стомакот

Научете ги да ги слушаат сигналите на глад. Треба да научат да бидат во хармонија со својот стомак и никогаш нема да бидат во искушение да се прејадат. Треба да се научат да запрат кога им е стомакот полн.

Миење на заби

Кога човек нема хигиенски навики, тоа може да предизвика здравствени проблеми. Миењето на заби е една од хигиенските навики кои мора да се научат од мали заби. Мораат да ги мијат забите и наутро и навечер. Се очекува детето со 7-8 години да може веќе самостојно да ги мие забите правилно и да ја одржува хигиената на устата. И тоа е рутина која останува за цел живот.

Редовни прегледи

На децата им се потребни редовни систематски прегледи за да се следи нивниот раст и развој. Во првата година тие прегледи се почести, но важни се и потоа и ако детето ја сфати важноста на овие превентивни прегледи, ќе има правилен однос кон своето здравје и кога ќе порасне.

Ограничете го времето пред екраните

Екраните им се многу привлечни на децата. Затоа е важно да им го ограничите времето пред екраните на помалку од два часа дневно и да им овозможите други активности. Децата кои имаат спорстки активности, се генерално поздрави и поактивни. Охрабрувајте ги да поминуваат повеќе време на отворено.

Спиење

Придржувајте се до времето за спиење. На малите деца им треба повеќе сон, на основците им се потребни 10 часа, а на тинејџерите 8-9 часа. Поттикнувајте ги децата да спијат, такашто додека растат ќе сфатат дека подобро се чувствуваат кога се добро наспани.

Нека бидат среќни

Уверете се дека вашите деца знаат да водат сметка за емоционалните потреби. Пожелно е да учествуваат во активности кои поттикнуваат оптимизам и тоа е најдобриот лек за ракување со животната енергија. Планирајте забавни активности за да го пополнат своето време.

[better-ads type='banner' banner='999' ]