Кои зборови не треба никогаш да им ги кажуваме на децата?

Ако се сеќавате кои грди зборови ве погодувале вас додека сте биле дете, зошто би им ставале на своите деца етикети кои можат да ги повредат?

0
878

 

Кога родителите го нарекуваат своето дете со погрдни имиња, можеби веруваат дека на тој начин ќе го мотивираат да се однесува подобро, да биде поуредно, попристојно, или повеќе да учи, но детето ги впива тие зборови и врз основа на нив ја гради сликата за себе.

Зошто би го нарекувале своето дете неуреден, лажго, глупчо и слично, се прашува Шерон Силвер, авторка на книгата „Stop Reacting and Start Responding“, стручњак за ран развој и заговорник на концептот на проактивно родителство.

Дали родителите кои го прават ова веруваат дека таквите придавки ќе сменат нешто кај нивните деца или ќе им помогнат да го попреават своето однесување?

Шерон Силвер опишува ситуација од продавница, кога слушнала како една мајка мирно и тивко го прашува својот син: Дали си ти грозно дете? Малечкиот се обидел да се оддалечи од мајката, како да сака да го избегне убодот од нејзините зборови и само тажно ја спуштил главата и рекол: „Да“.

Било очигледно дека неговата мајка не му ги кажува овие зборови првпат. Можело да се види како детето ја впива во себе оваа порака и како таа станува дел од начинот на кој тој се доживува себеси сега и во иднина – Јас сум грозна личност.

Повеќето од нас се сеќаваат колку ги болеле погрдните зборови кои сме ги слушале од нашите врсници, а замислете колку е полошо кога тие зборови се слушаат од родителите. Кога личноста за која детето верува декa е секогаш во право, неговите мајка или татко, му стават некоја таква етикета, тоа само ја прифаќа и се дефинира себеси во согласност со неа. Повредата е толку длабока што бара многу репрограмирање за нешто да се смени.

„Зошто воопшто употребуваме груби зборови? Постојат многу подобри начини да го поттикнеме детето на промена“, вели Шерон Силвер и предлага три прашања за подобрување на однесувањето на детето:

КОга вашето дете се однесува лошо, пробајте да го прашајте дали тоа што го направил било љубезно? Дали било сигурно? Дали било пристојно? Овие три прашања можат да активираат процес на промена и поука – без етикетирања и грди зборови.

[better-ads type='banner' banner='999' ]