Дали некогаш сте помислиле дека мрзеливоста може да му штети на здравјето или е само карактерна црта која е бенигна како и сите останати?
Не сте во право ако мислите дека вашето дете е едноставно такво и дека во тоа нема баш ништо лошо, науката сепак дошла до малку поинаков одговор. А тој е по малку загрижувачки, затоа што вели дека мрзливите и недоволно активни деца знаат прилиучно да си наштетат на својот организам, а вистинските последици се гледаат подоцна во животот. Ова го заклучиле британските научници врз база на проучување на 3.500 деца, а еден од резултатите е особено разочарувачки.Тие ја мереле активноста на тие деца, а поразително е што дури половина од нив во текот на денот воопшто не одат, освен оние малку чекори низ дома. Исто така, истражувањето покажало дека има се помалку деца што се занимаваат со спорт, а се повеќе деца се борат со килограмите поради кои им се закануваат се побројни здравствени ризици.
Превенцијата на дебелеењето е клуч за нивното подоцнежно подобро здравје, но ако мрзеливоста на детето се толерира како не-штетна карактеристика, овој проблем е биде уште поголем. Децата би требало да бидат активни по природа и затоа не ја толерирајте нивната мрзеливост. Впрочем, таа е чест изговор на децата само за да останат уште малку пред екраните.