Многу тригодишници можат да учат да читаат

Според едно истражување на американски педагози, разбирањето на малите деца за пишаниот збор е многу подобро отколку што се мислело. Односно, способност за учење на читањето покажале и голем број на тригодишници.

0
461

Тригодишниците се во состојба да препознаваат пишани зборови. Педагозите истражувале дали децата можат да разликуваат цртежи од пишан збор и дури и тригодишниците поминале подобро отколку што се очекувало.

Кога децата ќе тргнат во училиште, учителите имаат само една цел: Сите ученици да ги запознаат со читањето. Читањето е исклучително важно па затоа не чуди тоа што бројни студии истражуваат како децата најлесно да научат да читаат. Дека е корисно на малите деца да им се читаат книги е одамна познато, а сега американската студија покажала дека е можно децата да се запознаат со пишаниот многу порано. Научниците собрани околу Ребека Трејмен од универзитетот Вашингтон во Ст.Луис направиле експеримент со 114 деца на возраст од три до пет години и ги објавиле резултатите во стручното списание „Развој на детето“ („Child Development“).
Првиот ден на децата им покажале картица на која бил напишан зборот „куче“. Истражувано е дали децата повторно ќе го препознаат пишаниот збор и дали ќе разберат дека на тој пишан цртеж му соодветствува специфичен говорен израз.
За споредба, истражувачите им покажале на децата картица со нацртано кадифено куче. Во тој случај децата прифаќале ако цртежот не е означен како „куче“, туку со некое алтернативно име. Наспроти тоа, кај пишаниот збор изненадувачки многу деца – меѓу кои и тригодишници, препознале дека на ракописот секогаш му припаѓа егзактен изговор кој не е променлив – за разлика од цртежот кој може да биде нарекуван различно. Ниту едно од децата во истражувањето немало претходно лекции за читање. Генерално, децата најрано се среќаваат со читањето со пет години – или во текот на последната година во градинка или прва година на училиште, значи, со шест или седум години.
Еден авторите на студијата Лори Марксон објаснува: „Децата уште во предучилишна возраст имаат свест за тоа дека пишаните зборови претставуваат специфични изрази на поинаков начин отколку цртежот. Тоа покажува дека знаењето за смисолот на пишаниот збор е многу поразвиено отколку што се претпоставувало“.
Лори Марксон мисли дека резултатите од истражѓувањето имаат врска со тоа што родителите поинаку разговараат за цртежите отколку за пишниот збор – така секојдневно им покажуваат дека ракописот е нешто посебно. Резултатите од истражувањето би можеле да послужат за тоа децата кои рано ќе ја препознаат функцијата на пишувањето порано почнуваат и да учат да читаат и да пишуваат. Со едноставни тестови можете да дознаете кај кое од децата разбирањето на пишуваниот збор е толку развиено што без проблем ќе научи да чита. Кој го нема тоа разбирање мора да да го развие пред да почне да учи да чита.

[better-ads type='banner' banner='999' ]