Почнува ерата на ГМО бебиња

Веста дека Велика Британија дозволила ин витро оплодување со генетски материјал од тројца родители, според едни, е добра вест со оглед на тоа што на овој начин се спречуваат некои наследни неизлечиви болести, според други, е почеток на една нова ера – ера на дизајнирани деца

0
676

Минатата недела предизвика големо внимание веста дека Велика Британија дозволила ин витро оплодување од тројца родители, односно создавање на бебиња од генетски модифицирани ембриони со ДНК од мајката, таткото и дарителот. Со оваа постапка, според докторите, ќе се спречат некои наследни неизлечливи болести, но од друга страна пак, критичарите предупредуваат на создавање на нова ера – ера на дизајнирани деца. Имено, стотици жени, идни мајки, се потенцијални преносители на смртоносна болест на своето дете, поради мутација која се наоѓа во нивните митохондрии. Затоа ова откритие на научниците од Универзитетот во Њукасл за замена на мајчината заразена митохондрија со здрава митохондрија донирана од јајце-клетка од друга жена, ќе им овозможи на илјадници жени меѓу 15 и 44 години кои имаат мутација во митохондриите да родат здрави бебиња.

Секое дете кое би било родено по овој третман би имало ДНК од две различни јајце-клетки и од еден сперматозоид, односно би имало две мајки и еден татко, иако генетскиот придонес на донираната јајце-клетка би бил многу мал.

По многу емотивна расправа која за многумина беше прекратка за вакво важно прашање, долниот дом на британскиот парламент ја изгласа употребата на овој метод, наречена митохондијална донација и покрај огромниот отпор од верските заедници и критичарите дозволи употреба на методот “тројца родители”.

„За“ одлуката гласаа 382 пратеници во Долниот дом на Парламентот, а 128 беа „против“. За да стапи во сила ова решение треба да го одобри и горниот Дом на лордовите на седница закажана за 23 февруари следната година. Меѓутоа, гласањето во Домот на лордовите е чиста формалност, по што Велика Британија ќе стане прва земја во светот што одобрува ваква медицинска постапка која предвидува комбинација на ДНК од две жени и еден маж.

Овој метод е измислен со цел да им помогне на семејствата со митохондијални болести, неизлечливи болести кои се пренесуваат од страната на мајката и од кои страдаат 6500 деца ширум светот.

Методот вклучува интервенција во процесот на оплодувањето, се со цел да се отстранат митохондиите кои дејствуваат како мали батерии кои произведуваат енергија во внатрешноста на клетката, а кои понекогаш може да предизвикаат наследни болести како фатални срцеви заболувања, заболувања на црниот дроб, мозочни заболувања, слепило и мускулна дистрофија.

Митохондријалната ДНК се разликува од ДНК на клеточното јадро и не влијае на карактеристиките на личноста, како што се бојата на косата, очите, физичкиот изглед или карактерот на новороденчето.

Конечно поставивме темел кој ќе им овозможи немерливо вреден избор на жените, избор да бидат мајки кои нема да се плашат за своето дете, изјавил извршниот директор на Кампањата за “тројца родители”, Роберт Меадвкрофт.

Според критичарите ваквиот метод ќе доведе до генетски модифицирани деца. Што мислите вие?

[better-ads type='banner' banner='999' ]