Машките мозоци со повисок ризик од аутизам

Мозоците со типично машки дизајн се поврзани со повисок ризик од аутизам. Жените со анатомски посличен мозок на машкиот има три пати поголема веројатност да бидат дијагностицирани со аутизам, утврдиле истражувачите.

0
236

Мозоците со типично машки дизајн се поврзани со повисок ризик од аутизам. Жените со анатомски посличен мозок на машкиот има три пати поголема веројатност да бидат дијагностицирани со аутизам, утврдиле истражувачите. Откритието го дава првиот анатомски докази за теоријата на „екстремен машки мозок“ која тврди дека развојното нарушување произлегува од претераните машки особини.

Познато е дека спектарот на аутистични нарушувања се јавува два до пет пати почесто кај мажите отколку кај жените.

Состојбата варира во голема мера и се карактеризира со сиромашни социјални комуникациски вештини, стеснување на фокусот и опсесивни склоности – карактеристики кои во поблага форма, често се поврзани со мажите.

Се покажа дека научниците, математичарите и инженерите се подалеку во аутистичниот спектар од луѓето со помалку технички професии.

Новата студија покажала дека карактеристично машката структура на мозокот е поврзана со повисока веројатност да бидат дијагностицирани со аутизам.

Научниците споредувале 98 мажи и жени на возраст од 18 до 42 години со „високо функционален“ аутизам и ист број на невролошки здрави индивидуи.

Магнетната резонанца се користела за мерење на разликите во мозочната структура помеѓу учесниците. Поточно, истражувачите се фокусирале на дебелината на церебралниот кортекс – збрчкан и густо спакуван надворешен слој на неврони кои се одговорни за повеќето од она што не прави луѓе, вклучувајќи ги и свеста, мислата, јазикот. Мажите и жените обично имаат различни нивоа на дебелина во различни региони на кортексот.

Резултатите од истражувањето покажале дека типично машкиот модел на кортикалната дебелина е значително поврзан со поголема веројатност од аутизам.

Ова било особено забележливо кај жените со ASD. Кај жените со анатомски посличен мозок на машкиот има три пати поголема веројатност да бидат дијагностицирани со аутизам, отколку кај оние чија структура на мозокот е типично женска.

Авторите, предводени од д-р Кристин Eцкер, од Гете Универзитетот во Германија, извештајот за своите наоди го објавиле во списанието Jama Psychiatry.

[better-ads type='banner' banner='999' ]