Дали децата треба да се подмитуваат за да јадат зеленчук?

Како да го натерате детето да јаде зеленчук? Тоа е прашање што ги прогонува повеќето родители.

0
180

Додека едни користат тактика на криење на зеленчук во храната, други не им дозволуваат на децата да станат од маса додека не изедат се од чинијата. Едно истражување потврдило дека е делотворно и подмитувањето на децата со пари.

Станува збор за тоа што родителите им ставаат пари на децата на банковните сметки како награда за изедениот зеленчук. Американското истражување кое е спроведено минатата година покажало дека децата продолжуваат да јадат зеленчук и два месеци откако поттикнувањето со пари прекинало. Децата кои подолго добивале поари во замена за изедениот зеленчук имаат повеќе шанси да продолжат да го јадат и без плаќање, покажала студијата.

Основна идеја е децата кои имаат когнитивни способности да го сфатат ваквиот вид на размена, да научат да јадат здрава храна, но и да ја сфатат вредноста на парите. После некое време тие наводно продолжуваат да јадат зеленчук, но не заради наградата туку затоа што стекнале навика.

Меѓутоа, ваквиот начин на „соработка“ помеѓу родителите и децата не е одржлив на подолг период и може да има контраиндикации. Ист е случајот и ако на детето му ветите неограничени количини на десерт ако го изеде зеленчукот. Имено, детето ќе почне да мисли дека е зеленчукот всушност многу лош штом з анего добиваат некаков вид на награда.

Без оглед на резултатите на студиите, стручњаците истакнуваат дека склоноста кон храната почнува да се формира уште во матката и дека првите месеци од животот на бебето се клучни за развој на прехранбените навики. Зеленчукот мора да биде често нудено и родителите не треба да се откажуваат доколку детето го одбива затоа што некои деца го прифаќаат откако претходно го одбиле барем 15 пати. Исто така, важно е почесто да имате семејни оброци затоа што децата кои јадат заедно со семејството, јадат повеќе зеленчук. Освен тоа, тие често го имитираат однесувањето на возрасните  па затоа би требало што почесто на трпезата да имате зеленчук и се разбира, да го консумирате и вие.

[better-ads type='banner' banner='999' ]