Како да се справите со големата разлика во години помеѓу децата?

Додека идните родители се подготвуваат за уште една „рунда“ непроспиени ноќи, менување пелени, учење на првите чекори, кај многумина се јавува и недоумица околу тоа како всушност ќе изгледа соживотот помеѓу постарото дете и новопечениот член на семејството?

0
371

Планирано или не, понекогаш се случува разликата во годините помеѓу две деца во семејството да биде поголема од она што е вообичаено. И додека идните родители се подготвуваат за уште една „рунда“ непроспиени ноќи, менување пелени, учење на првите чекори, кај многумина се јавува и недоумица околу тоа како всушност ќе изгледа соживотот помеѓу постарото дете и новопечениот член на семејството?

Разликата во годините не е нешто што со време ќе стане едноставно неважно бидејќи децата во различни фази ид животот имаат и различни интереси и навики. ЗЏатоа многу родители оправдано се прашуваат дали е можно децата да станат и да останат блиски? Иако возрастната граница помеѓу децата носи и одредени потешкотии, не се така црно.

Она што е приоритетно кај родителите кои после долго време чекаат уште една принова, е проверката, но и одреден страв дека можеби се што знаеле за бебињата е веќе заборавено. Но после кратко време и неколку сменети пелени и успешно заспивање на бебето ќе сфатат дека е тоа како возење велосипед и едноставно не може да се заборави. Недостатокот од сон може да биде проблематично во првите неколку недели, но организмот ќе се навикне на новиот ритам.
Меѓутоа, кога станува збор за постарите деца во семејството, понекогаш постојат одредени потешкотии кои не можат да се решат толку брзо. На децата кои веќе одат во училиште, а особено на тинејџерите на кои им се „случува“ новороденче во дотогаш само нивното царство, бебето нема да им биде премногу интересно, со оглед на тоа што не може да го вклучи во своите секојдневни активности или игри. А до времето кога бебето ќе порасне за слични активности, постарото дете ќе биде веќе вп години кога ќе има некои сосема други и поинакви животни интереси. Иако ова изгледа како маѓепсан круг, родителите можат да ја поттикнат блискоста помеѓу постарото и помладото дете. Бидете подготвени на тоа да го носите со себе и најмладиот член на семејството на колку што можете повеќе активности на постарото дете, колку и да ви претставува тоа дополнително оптоварување. Тоа може да бидат училишни претстави или спортски натпревари, но она што е важно е тоа дека постарото дете ќе увиди дека неговиот помлад брат или сестра се некој што ќе биде во негова близина целиот живот. Со време кај него ќе се создаде чувство на блискост, но и заштитнички став кон новиот член на семејството.
Во првите месеци може да се јави и проблем околу вашата веќе воспоставена рутина со постарото дете која сега ќе се наруши. Со доаѓањето на бебето некои опции едноставно повеќе нема да бидат можни затоа што на бебето му треба константен надзор.
Во овој случај бидете подготвени на многу компромиси во првите неколку години од животот на бебето. Кога станува збор за излети, ќе треба да се договорите и додека едниот родител го чува бебето, другиот нека го носи поголемото дете на излет. Важно е да не биде се подредено на потребите на најмалото, туку да се земаат предвид и желбите на постарото дете.
Позитивните страни од животот со децата со голема разлика во годините, се тоа што родителите нема да мораат константно да трчаат по двете деца, затоа што постарото е веќе во години кога не му треба постојано родителското внимание. На овој начин родителите ќе можат да му се посветат повеќе на бебето. Исто така, како што ќе расте, помладото дете брзо ќе „собере“ од постарото многу работи, па може и побрзо да проговори и да прооди, а постарото дете може и да ви помогне околу секјдневните активности со бебето, што е уште еден начин да ја поттикнете блискоста помеѓу нив.
Она што е најважно е дека помладото дете ќе има некој кој целиот жѓивот ќе внимава на него и ќе го штити.

[better-ads type='banner' banner='999' ]