Кај лекувањето на бебињата и малите деца особено внимание мора да се обрне на видот на лековите што се даваат. Имено, многу лекови кои се препорачливи за возрасните, можат да бидат опасни за децата.
Кај децата до 15 години се препорачува температурата да се симнува со парацетамоли (Panadon, Lupocet, Plicet, Efferalgan), а во случај на екстремно висока температура и ибупрофени.
Андолот и Аспиринот можат да бидат опасни по животот на децата
Според педијатрите, на децата никако не смеат да им се даваат антипиретици на база на ацетисална киселина, како што се Андол, Аспирин, Кардиопирин, заради можност од развој на Рејев синдром. Тоа е ретко, но пореметување кое е опасно по живот и како последица на него се развива воспаление на мозокот и нагло таложење на масти во црниот дроб. МОже да дојде до дезориентираност, збунетост, па дури и до кома.
Друг, порано често користен лек за снижување на температурата кој децата исто така не смеат да го користат е Волтаренот. Тој е антиревматик, а способноста да ја снижува температурата е споредно дејство на овој лек. Родителите би требало да бидат внимателни и со витамините па тие не им се препорачуваат на бебиња и деца помлади од две години.