Како се развиваат сетилата на бебето во стомакот?

Дознајте дали вашето бебе слуша и гледа додека е во стомакот...

0
574

Додека е бебето се уште во стомакот на мајката, се развиваат постепенои и неговите сетила. Први почнуваат да се развиваат сетилата за допир и за слух, потоа за мирис и за вкус и последно се развива сетилотo за вид.

Како се развива сетилотo на допир кај бебето додека е во стомакот?

Сетилото за допир се развива во осмата недела од бременоста. Чувствителноста на допир се јавува прво на образите, а потоа многу брзо се проширува на подрачјето околу гениталиите (10. недела), дланките (11. недела) и табаните (12. недела). Во тој период од бременоста во текот на прегледот на ехо можете да забележите како бебето го цица палецот или ги допира другите делови од телото.
Во текот на 17. Недела се развива чувствителност на допирот на абдоменот, а до 32.недела сите делови на телото на бебето во стомакот се чувствителни на топло, на ладно, на притисок и на болка.

Кои вкусови ги препознава бебето додека е во стомакот?

Сетилот за вкус кај бебето во стомакот е делумно развиено веќе во 15.недела од бременоста. Истражувањата потврдуваат дека во тој период бебето во стомакот го разликува вкусот на плодовата вода, во зависност од исхраната на мајката (на пример, вкусот на кромид и на лук).

Дали бебето чувствува мириси додека е во стомакот?

Носот се развива помеѓу 11. И 15. недела. Додека е во стомакот бебето го чувствува мирисот на плодовата вода кој зависи од исхраната на мајката. Во плодовата вода се откриени преку 120 различни мириси што бебето ги вдишува.

Дали бебето слуша додека е во стомакот?

Слухот почнува да се развива во осмата недела од бременоста. Веќе во 18. Недела се формира внатрешно уво и нервните завршетоци на мозокот се доволно развиени такашто бебето ги слуша отчукувањата на вашето срце.
Околу 25. Недела бебето може да ги слушне надворешните гласови кои се малку придушени, а до 27. Недела ги распознава гласовите.

Дали бебето гледа додека е во стомакот?

Сетилот за вид се развива последно и очните капаци се затворени до 26. Недела. Во тој период мрежницата се развива во целост и во текот на 26. Недела бебето ги отвара очите и трепка.
Меѓутоа, дури и кога капаците се затворени, до мрежницата на окото на бебето може да допре нештетна, мала количина светлина низ кожата на мајката доколку таа се наоѓа на сонце или на силно осветлување.
Истражувањата покажуваат дека близнаците без проблем се гледаат еден со друг додека се во стомакот.

[better-ads type='banner' banner='999' ]