Зошто личиме на своите родители?

Генетиката е комплицирана. Единствена работа што ја знаеме е дека сме секогаш послични на едниот родител, што повторно зависи од комбинацијата на гените што ја добиваме преку родителите.

0
514

Каков татко, таква ќерка или каква мајка, таков син. Дали е навистина така и што се случува во генетичките кодови, кога се двајцата родители со кафени очи, а ќе добијат дете кое има на пример, сини очи? Станува збор за игра на генетиката која прави интересни комбинации на хромозоими, дури и ако вие двајца воопшто ги немате тие карактеристики. Истражувањето на универзитетот Стендфорд  покажува како доаѓа до наследување на бојата на очите, но и на другите црти и карактеристики.

Освен во неколку посебни случаи, не е посебно предодредено кој родител што ви дава, односно, што од кого наследувате. Ако станува збор за доминантни гени, тие ќе бидат доминантни без оглед дали доаѓаат од таткото или од мајката. Ако вашиот татко има доминантен ген за бојата на очите, ќе ја наследите истата боја од него. Меѓутоа, ако станува збор за рецесивен ген, децата можат да имаат боја на очи која нивните родители ја немаат и да дадат потполно нов ген. Тоа објаснува зошто некогаш се случува личности кои на пример, немаат црвена боја на коса или кафена боја на очите, да добијат дете со кафени очи и со црвена коса.

Како што гледате генетиката е комплицирана. Единствена работа што ја знаеме е дека сме секогаш послични на едниот родител, што повторно зависи од комбинацијата на гените што ја добиваме преку родителите. Ќе се обидеме едноставно да прикажеме како функционира генетиката, а потоа да дадеме примери кадешто е видливо што добиваме од кој родител.

Да земеме за пример, дете на мајка со кафени очи и на татко со сини очи. Со оглед на тоа што се кафените очи доминантни, мајката може да има гени за кафени очи или еден ген за една, друг ген за друга боја на очи. За да го олесниме сфаќањето ќе кажеме дека ќе ги има двата гени за кафена боја. Со оглед на тоа што таткото има сини очи, тој има две копии од рецесивни гени за сини очи.

Секој родител ќе пренесе една копија на генот на своето дете. Во овој случај, мајката ќе го пренесе доминантниот ген, а таткото рецесивниот. Тоа значи дека детето ќе ја има бојата на очите на мајката. Токму затоа што таа ги имала доминантните гени. Ист е случајот и ако таткото има доминантен пар на гени, затоа што детето тогаш повторно го добива оној генетски пар кој е подоминантен, што автоматски значи дека ќе ја наследи бојата на очи од родителот што го има.

Истражувањето на универзитетот Стендфорд исто така потврдува дека момчињата од мајките наследуваат само еден икс хромозом, кој е богат со гени што влијаат на физилкиот изглед. Татковиот икс хромозом е осиромашен со такви со такви гени па затоа момчињата можат да личат на мајките, а девојчињата не мораат нужно да личат на таткото, затоа што добиваат по еден икс хромозом од обајцата родители.

Големите уши, според ова истражување обично доаѓаат во наследство од таткото, додека косата и нејзиниот квалитет, од мајката. Ако сте маж, погледнете си го вујкото и ќе ви биде јасно како вашата коса ќе изгледа во подоцнежните години. Значи, постојат различни споеви на хромозоми кои на крајот како производ ќе го дадат вашето дете токму онакво какво што тренба да биде. Единствено, посебно и на себеси својствен начин, поинакво. Особините пак, се заслуга на двајцата родители па не го обвинувајте таткото ако е вашето дете тврдоглаво. Осврнете се и на себе и анализирајте ги своите особини.

[better-ads type='banner' banner='999' ]