Како да разговарате со вашиот тинејџер?

Премногу правила можат да предизвикаат гнев кај детето, затоа одлучете кое од нив сметате дека е навистина важно и држете се до него, а останатите заборавете ги.

0
192

Уште не можете да поверувате дека вашето дете веќе навлезе во проблематичните тинејџерски години? Веќе започнуваат проблемите во комуникацијата, а не знаете како да го подобрите тоа?

Експертите советуваат да разговарате со него како со возрасен. Кога детето е се уште мало, често родителот го воспитува во согласност со одредени принципи на доброто однесување. Меѓутоа, за разлика од тогаш, на возраст кога веќе не се деца, а не се ниту возрасни, тие се помалку ги прифаќаат советите од родителите. Еден од начините да се подобри комуникацијата со нивм е покрај советот да им се образложи и зошто тоа што го советувате е важно. Поставувањето на граници во поглед на однесувањето на тинејџерот, всушност значи да се направи со него договор што е прифатливо, а што не.

Поставувањето на правилата се одвива подобро доколку детето почувствува дека и неговото мислење е важно и тоа ќе биде повеќе мотивирано да соработува. Како што расте детето, тоа се повеќе ќе ја тестира границата за која сте се договориле и се повеќе ќе се обидува да ја помести и тоа е сосем нормално однесување. Кога ќе навлезат во тинејџерските години можеби ќе биде потребно до одреден степен да станете потолерантни во однос на правилата. Премногу правила можат да предизвикаат гнев кај детето, затоа одлучете кое од нив сметате дека е навистина важно и држете се до него, а останатите заборавете ги. Правилата што ги пласирате кај вашето дете го заштитуваат, но како што расте ќе мора да му дадете повеќе слобода и обврска да се грижи самото за себе.

Можеби ќе постојат моменти кога ќе бидете во конфликтна ситуација со вашето дете поради вредностите на кои вие сакате да го научите и вредностите кои ќе му бидат наметнати од неговата поблиска околина или медиумите, па тогаш ќе мора да преговарате со смирен тон.

[better-ads type='banner' banner='999' ]