Дали сте слушнале за теоријата на зеленото пенкало?

Сигурно сите ги паметите поправките од вашите наставници, учители и родители во домашните тетратки, во вежбанките и на контролните тестови. И веројатно сите го паметите црвеното пенкало со кое тие биле направени

0
684

На почетокот од школувањето учителките знаат да ги подучат родителите да ги поттикнуваат своите првачиња, да ги занемарат лошо напишаните букви и бројки – се со цел децата да не го змаразат училиштето, а само еден месец потоа тетратките на првачето се полни со многу испишани букви и бројки но и многу дречливо црвени поправки.

И? Што е она што на секое дете му останува врежано во сеќавањето? Се разбира, грешките и црвените поправки на истите.

Затоа една супер мајка на својот блог за воспитување на деца ставила една своја идеја која ја нарекла метод на зелено пенкало со кое наместо грешките се истакнуваат најдобро напишаните букви, бројки и слично, затоа што, според неа, систематското истакнување на грешките има големо влијание врз перцепцијата на светот и врз иднината на детето. Можеби ова изгледа како глупа идеја, но е всушност многу логична.

Имено, наместо грешките поправани со црвено пенкало, оваа мајка во тетраката на својата ќерка ги барала најдобро напишаните букви и ги истакнувала со помош на зелено пенкало. Ова ја воодушевило нејзината ќерка која од тогаш вежбајќи го пишувањето се раководела според зелено заокружените букви и црти и навистина се трудела да ги повтори сите убаво напишани знаци.

Пристапот е сосема поинаков од вообичаениот, од оној кој ги истакнува грешките, а тоа, како што вели оваа мајка, има смисол затоа што сите потсвесно го помниме она што е исталнато. Тоа значи дека целото свое школување ги помниме грешките што сме ги правеле, наместо сите оние добри работи кои исто така сме ги правеле.
Со други зборови, не учеле, а и ние сега истото ги учиме нашите деца, да се фокусираат на поправање на грешките, а не на она што е уште поважно – да се фокусираат на правењето на добрите работи. Ако го узмериме вниманието на детето само кон она што е добро, грешките кои неминовно ќе ги прави, ќе бидат се помали, затоа што неговиот фокус ќе биде на повторување само на она што е добро направено и напишано. И така и во подоцнежниот живот ќе научат да се фокусираат на успешните работи, на постигнувањата кои со својата волја ќе ги повторува и ќе ги подобрува без да се фати во оној круг на систематско исправање на грешки.

Впрочем, познато е и она дека ако тежнееме кон нешто подобро, тогаш урнек треба да ни биде оној кој е подобар, а не оној кој е полош од нас.

[better-ads type='banner' banner='999' ]