Ако вашето дете има температура која измерена под пазуви изнесува најмалку 38°C, а во задникот, најмалку 38,5°C, дајте му на вашето дете лек за снижување, најдобро за децата е парацетамол или ибупрофен во сируп или во форма на чепче.
Најлесен начин за дозирање на сирупот е со помош на најобичен шприц затоа што на него пишува точно колку лек сте му дале на детето во милилитри, за разлика од дозирањето со лажичка кое е многу понепрецизно.
Исто така, на детето треба да му давате да пие колку што е можно повеќе течности на собна температура.
Слечете го детето и истуширајте го со млака вода или пак, ако ви е полесно, натопете еден пешкир со млака вода и завиткајте го околу градите на детето, а врз нбего ставете сув пешкир. На секои 15 минути одново топете го пешкирот и повторете ја постапката барем 2-3 пати, но во никој случај не ги топете главата и вратот на детето, затоа што би можеле да предизвикате колапс на детето. Измерете му ја повторно температурата и доколку не сте успеале да му ја намалите, однесете го на лекар.