Што да му ставите на детето под елка?

Ако се уште сте во дилема каков новогодишен подарок да одберете за вашето дете, можеби ќе ви помогнат нашите совети и препораки

0
248

За да биде некоја играчка добра за вашето дете, таа мора да ги задоволи следните пет услови:

  1. Да биде соодветна на возраста на детето (Пред да ја купите играчката, задолжително прочитајте на кутијата за која возраст е наменета.)
  2. Да ја поттикнува фантазијата (Автомобил на батерии не е добар избор. Подобро е да му куопите обичен па самиот да „произведува“ звуци. На девојчињата е подобро да им се купи кукла која не зборува. Добрата играчка треба да го поттикне детето да направи само многу нешта, и играјќи си да ја развива својата фантазија).
  3. Да ги продлабочува искуствата (Ако вашето дете никогаш не патувало со воз, не му купувајте електричен воз. Детето не стекнува нови искуства во играта, туку во секојдневјето, а играчката му помага подобро да се запознае со тие искуства.)
  4. Да дава можност за избор

Различни играчки се наменети за различни особини и способности на детето. Не е паметно се трупаат истородни играчки (машките деца не мораат да имаат 50 автомобилчиња, ниту пак девојчињата мораат да имаат десет кукли), туку треба да се одбираат такашто да ги задоволуваат различните потреби на детето.

  1. Да има дополнителна опрема

Ако детето има кукли и автомобилчиња, купете му куќа за куклата или гаража за автомобилчето. Колку повеќе дополнителна опрема има, полесно ќе најде начин да ги употреби своите играчки и да си игра со нив со поголема креативност.

Што да му подарите на детето?

Од тропалка до лего коцки

5-9 месеци: играчки од гума кои детето може да ги стави во уста кога му излегуваат запчиња, разни тропалки, клучиња и кутии што се редат, играчки што произведуваат пријатен звук (не бучава)

9-12 месеци: коцки од дрво или пластика, играчки кои се составуваат, топчиња, играчки со тркалца или подвижни делови кои не се ситни и кои детето не може да ги проголта.

12-24 месеци: играчки што се влечат, конструкции со геометриски елементи, сликовници, кукли, ЦД-иња со бајки.

24-36 месеци: големи лего коцки, боенка, моливи во боја, телефон, лопатче, кантичка, разни удиралки, едукативни играчки.

Од 36 месеци натаму: лего коцки соодветни на возраста, пластелин, сложувалки, книги за деца, играчки што се движат и испуштаат звуци, куќа за куклата, гаража за автомобилчето.

[better-ads type='banner' banner='999' ]