Како да му помогнете на детето да го надмине стравот од новогодишните пукотници

Во овој период сведоци сме на обилно користење на пиротехнички средства во текот на неколку последователни денови, а во новогодишната ноќ го доживува максимумот. Токму тие звуци можат да бидат проблематични за многу родители чии деца едноставно се плашат од нив

0
228

Силните звуци од пукање на петарди и огномети се секојдневје за време на новогодишните празници, а многу родители имаат проблем со своите деца кои едноставно се плашат од овие звуци затоа што не можат да сфатат за што станува збор. Овој страв од неидентификуваната бучава која доаѓа од темнината е многу логичен кај малите деца. Затоа е понекогаш потребно малку труд и разговор со детето. За почеток, прашајте го дали знае кој ден, односно, ноќ, ни претстои. Објаснете му на детето дека луѓето се приготвуваат за прославување и дека е тоа начлин на прославување на многу луѓе, па нема причина за страв. Потребно е да нагласите дека вашето семејство ќе биде заедно во текот на оваа вечер и дека не мора да се плаши од ништо. Она пак што е најважно да не го направите во текот на овој разговор е автоматски да ги отфрлите детските стравови, истакнуваат стручњаците. Едноставното верување дека проблемот ќе исчезне со време само ќе го поттикне детето да се затвори во себе а неговиот страв се уште ќе биде присутен.

Како да се реши проблемот?

Откако ќе поразговарате си детето што значат всушност тие звуци и дали постои реална опасност за нив, потребно е да се најде делотворно трешение за елиминирање на тие стравови. Тоа ќе го направите најлесно такашто ќе го вклучите детето во разговор за тоа што може да се преземе со што на некој начоин му давате контрола над ситуацијата и го намалува чувството на беспомошност. Исто така, потребно е да се уважат неговите сугестии и предлози. Дали тоа ќе биде погласна музика во вашиот дом за време на огнометот или пак заедничко гледање на телевизија во дневната соба во која сте сите заедно, зависи од договорот помеѓу вас и детето.

Пробајте да најдете и што повеќе информации за самиот нововгодишен огномет и неговата традиција. Постојат навистина многу извори од кои можете да дознаете што претставува овој чин во различни култури, а многу од тие приказни можат да им бидат интересни на децата. Во текот на разговорот не заборавајте да му ги спомнетепотенцијалните опасности кај ракувањето со петарди, но секако истакнете дека тоа не е случај доколку самите не го прават тоа и се наоѓаат на безбедна оддалеченост.

План Б

Секако, од стравовите не можете да се ослободите „преку ноќ“ па често поминува доста време пред вашето дете да помине безгрижна новогодишна ноќ. Затоа е добро однапред да се подготви „безбедна зона“. Тоа може да биде собата која е најоддалечена од изворите на непријатните звуци, или пак можете да импровизирате со пртавење тврдина од перници и ќебиња која може да „никне“ во удобноста на вашата дневна соба. Во моментите во кои стравот сепак ќе надвладее, треба да бидете до него. Светилките и украсите во домот исто така ќе го потсетат дека во безбедноста на својот дом има сопствен дочек кој не вклучлува непотребно пукање и застрашувачки звуци.

[better-ads type='banner' banner='999' ]